Средношколска журка без маски во Аеродром: Нема училиште, има забава
Објавено во: Македонија 02 Септември, 2020
Ужас, срамота, кога нема училиште децата во кафулија без контрола, да не стават повтроно во карантин - ова се само дел од коментарите под видеото кое се споделува на социјалните мрежи, а на кое се гледа како средношколци и студенти се забавуваат во кафуле во Трговскиот центар Бисер во скопски Аеродром.
На видето се гледа дека младите се групираат, се забавуваат, дел од нив се гушкаат. Никој не носи маска, никаква заштита.
Граѓаните реагираат дека ова, освен на родителите е вина и на системот. Додека не смее да се оди во училиштата, младите се забавуваат надвор.
Видеото од забавата може да го видите овде.