20 Мај, 2024
0.0306

СО МАСКИ: Од шест до осум гости од исто семејство на маса - еве какви протоколи бараат угостителите од Влдата

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Вчера во емисијата „10 МИНУТИ“ во ТВ21 беше Перица Голомеиќ, сопственик на угостителски објект и еден од организаторите на денешниот протест, кој истакна дека не биле опфатени во петтиот пакет на мерки како што очекувале.

„Од 26 јули ни е воведна забрана за вршење на нашата примарна дејност, забрана за крштевка, свадба, коорперативен натан. Поради тоа ќе ја блокираме раскрсницата булевар Александар Македонски во Автокоманда од 14 до 17 часот, со цел да испратиме апел до Владата да ни издаде протокол за работа. Првенствено да работиме. И да ни помогне финансиски, затоа што ние ги плаќаме нашите обврски и веќе не можеме да продолжиме со тој интензтет“, порача Голомеиќ.

Тој кажа и интересни работи во врска со тоа какви протоколи бараат.

„Да ни се дадат ригорозни протоколи според кои ќе работиме. Од шест до осум гости да седат на иста маса, тоа ќе бидат луѓе од иста фамилија. Наше лице ќе ги смести на маса, ќе бидат со маски, единствено ќе ги симнуваат маските кога ќе вечераат или одат до тоалет. Бендот ќе свири на пет метри од првата маса, ќе има средства за дезинфекција на секоја маса“, изјави Перица Голомеиќ, еден од организаторите на протестот, во разговор за ТВ21, пренесува Фокус.

Протестот на угостителите, на кој ќе му се приклучија и останати лица од свадбарската индустрија, како музичари, фотографи, сопственици на цвеќари и салони за венчаници и декорирање, почнува денес од 14 часот. Тие ќе ја блокираат раскрсницата на булеварот Александар Македонски во населбата Автокоманда од 14 до 17 часот.

Бараат итно укинување на забраната за секаков вид на настани во отворен и затворен дел од угостителските објекти, односно бараат државата да донесе протоколи со кои ќе можат да се прават свадби, крштевки, родендени…

Можеби ќе ве интересира

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа

ДО КРАЈОТ НА МАЈ ТОПЛО, НО МНОГУ НЕСТАБИЛНО: Се очекуваат нови врнежи, грмежи, силен ветер и локално по силно невреме - можни се локални поројни поплави

ДО КРАЈОТ НА МАЈ ТОПЛО, НО МНОГУ НЕСТАБИЛНО: Се очекуваат нови врнежи, грмежи, силен ветер и локално по силно невреме - можни се локални поројни поплави

ЦУК: Извлечен паднат човек во Драгор

ЦУК: Извлечен паднат човек во Драгор

„БАБА АНКА Е ИЗГУБЕНА, ВЕ МОЛАМ ПОМАГАЈТЕ“: Се бара жена во Скопје, исчезнала во Кисела Вода

„БАБА АНКА Е ИЗГУБЕНА, ВЕ МОЛАМ ПОМАГАЈТЕ“: Се бара жена во Скопје, исчезнала во Кисела Вода

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

„ПРЕТХОДНО НА ОВАА ТЕРИТОРИЈА ИМАШЕ ДРЖАВА СО ВОДСТВО СО КОЕ НЕ МОЖЕА ДА ИГРААТ МАЈТАП“: Груевски уште еднаш распали, овој пат за Грција и досегашната влада

„ПРЕТХОДНО НА ОВАА ТЕРИТОРИЈА ИМАШЕ ДРЖАВА СО ВОДСТВО СО КОЕ НЕ МОЖЕА ДА ИГРААТ МАЈТАП“: Груевски уште еднаш распали, овој пат за Грција и досегашната влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже