20 Мај, 2024
0.0312

Со купување новогодишни украси од Скопје Мериот Хотел, донирате за децата од СОС Детско село

Објавено во: Мои пари 19 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Децата од СОС Детско село заедно со Скопје Мериот Хотел, изработија автентични и уникатни новогодишни украси кои ќе бидат наменети за продажба и донирање. Како гости на Скопје Мериот, во склоп на еднодневната креативна работилница, децата од овој центар креираа новогодишни украси од најразлични материјали и бои, што ги обезбеди хотелот. Рачно изработените украси се поставени на елката во Скопје Мериот од каде секој ќе може да купи еден или повеќе исо тоа да донира за СОС Детско село. За таа намена е поставена и донациска кутија од СОС Детско село.

Мериот хотелите имаат традиција на соработка со СОС Детско село на глобално ниво. Тоа значи дека истата и одамна започната иницијатива ја пренесуваме и тука во Скопје, со што стануваме пријатели со децата од локалната организација и заеднички, со нивната креативност и детска инвентивност ги мотивираме граѓаните да ги купуваат нивните креации и со тоа да донираат и помогнат за подобрување на секојдневието на овие деца. Со вака осмислената акција ја будиме свеста на јавноста за потребите на овие деца и истовремено кај децата ги поттикнуваме позитивни вредности. “, изјави Пјотр Ленчевски, Директор за маркетинг и продажба во Скопје Мериот Хотел.

Целодневниот настан беше дополнет со предновогодишна забава за децата со присуство на дел од славните личности како Каролина Гочева, Влатко Лозаноски, бендот Eye Cue и задолжителниот Дедо Мраз кој им ги подели новогодишните подароци.



Можеби ќе ве интересира

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи