21 Мај, 2024
0.1758

Скопјани викендов чистеа околу Скопскиот Аквадукт

Објавено во: Мои пари 19 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Викендов во Скопје во рамките на кампањата „Мрдни со прст“ педесетина граѓани се организираа и собираа отпадоци околу Скопскиот Аквадукт во Визбегово, археолошки локалитет кој претставува една од позначајните знаменитости на градот. На акцијата за чистење на Аквадуктот на граѓаните им се приклучија и Националниот младински совет (НМСМ) и Сојуз на извидници на Република Македонија.

Проблемот со отпадоци околу Скопскиот Аквадукт беше пријавен од страна на неколку граѓани на мапата на веб страната www.mrdnisoprst.mk, која во последниот месец прими  повеќе од 50 пријави за различни проблеми на различни локации низ целата земја.Неколку од проблемите кои беа пријавувани од страна на граѓаните се веќе поддржани во рамките на кампањата „Мрдни со прст“, преку разни акции реализирани во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и локални граѓански иницијативи во градовитениз земјава. Така, во рамките на кампањата, во Битола беше реализирана граѓанска акција за подигање на свеста за загадувањето на воздухот, во Струга беа поставени рачно нацртани корпи за отпадоци во Паркот на поезијата, а во Охрид имаше улична театарска акција преку која младите побараа да има повеќе културни настани.

Во рамките на „Мрдни со прст“ во тек е и уличен караван по плоштадите низ целата земја кој досега помина во 6 градови и вклучува настани на кои граѓаните имаат можност да го искажат својот став и мислење по разни општествени прашања преку неколку интересни активности.

Кампањата „Мрдни со прст“ има за цел подигнување на јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно.

„Мрдни со прст“ продолжува и понатаму, а секој кој сака да се пријави за следните акции или да пријави проблем може тоа да го направи преку веб страната www.mrdnisoprst.mk или Facebook страната www.facebook.com/MrdniSoPrst.

Можеби ќе ве интересира

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи