19 Мај, 2024
0.0261

СКАПИТЕ ГОРИВАТА НЕ ПОТТИКНА ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕДИ, граѓаните не покажуваат поголем интерес за нив

Објавено во: Економија 21 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Високите цени на нафтените деривати не ги поттикнаа граѓаните повеќе да се насочат кон алтернативни превозни средства, ниту пак да се откажат од своите автомобили во текот на летото. Вработените во продавниците за велосипеди во главниот град велат дека во продажбата на велосипеди оваа година не забележуваат значителни промени, односно драстично поголема побарувачка и купување на велосипеди, па дури ниту на електрични тротинети. Од еден познат салон за екслузивни велосипеди, пак, ни истакнаа дека оваа година дури е најслаба побарувачката и продажбата на велосипеди. 

- Како и секоја година имаме слична побаувачка и потрошувачка на велосипеди. Не сме правеле статистички анализи колку и дали има зголемување на бројот на продадени велосипеди оваа година, но генерално сметам дека интересот е ист. Можеме да посочиме дека кога се активни одредени субвенции за велосипеди има зголемен интерес и повеќе се купуваат велосипедите - вели вработена во еден голем ланец за техничка опрема, каде покрај велосипедите се продаваат и електрични тротинети и други производи. 

Таа посочува дека интерес од граѓаните и за велосипеди и за тротинети има, но дека не забележале драстично зголемена продажба на овие производи, не ова лето откако започна значителниот пораст на цените на нафтените деривати. 

Од друга страна претставници на позната продавница за велосипеди во центарот на град Скопје пак истакнуваат дека оваа година продажбата на велосипеди е драстично опадната. 

- Имаме значително помалку интерес и продажба на велосипеди во споредба со претходните години, а не зголемување. Од она што го забележвуаме ние, имавме добра година, односно зголемена продажба на велосипеди во текот на 2020 година, кога беше пандемијата, кои беа причините не би шпекулирале. Но, од лани и оваа година продажбата е намалена. Во 2021 во споредба со пандемиската имавме мал пад, но оваа година уште поголемо намалување на продажбата на велосипеди, а се забележува дека и интересот за нив е намален - вели вработена во продавницата за велосипеди. Од таму додаваат дека има поскапување кај велосипедите, дека цените од 2020 година наваму растат, а особено тоа се чуствува годинава, но додаваат дека не е само до цените, туку дека има се помалку муштерии кои се интересираат за купување велосипеди. 

Во текот на изминатава недела цените на нафтените деривати на светските берзи и дома имаат претежно нагорна линија, но не се достигнати плафоните од летово. Тековните цени може да се видат од табелата подолу.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра