Добивај вести на Viber
Полицијата ги спречи работниците од Ремонт на пруги да го блокираат меѓународниот воз кој се обраќа на линијата Скопје-Белград, како дел од протестот со кој си ги бараат заостанатите плати. Образложението на властите е дека според меѓународните конвенции не е дозволено да се блокираат меѓународните возови и транспорт. Работниците по еден час протести пред Дирекцијата на „МЖ - инфраструктура“, заминаа од Транспортниот центар.
Како што изјави претседателот на Синдикатот, Борче Ѓошевски, сега ќе ја чекаат одлуката на Економско – социјалниот совет , а ако и потоа не бидат реализирани нивните барања, пред се исплата на заостанатите 14 плати, ќе го продолжат штрајкот.
Штрајкувачите чекаат и одговор од градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски за нивното барање да постават шатори пред Владата и да започнат штрајк со глад.