10 Мај, 2024
0.0319

Што поскоро влада, толку помалку жртви

Објавено во: Македонија, Колумни 06 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Додека се крчка парламентарното мнозинство за формирање на нова влада, на големо продолжува раскрчмувањето на економијата. ДПМНЕ-овската влада, која ја доведе земјата на  раб на катастрофа, знае дека ги одбројува последните денови и затоа продолжува како и досега. Продолжува да троши и се разбира  нетранспарентно, а зад  нетранспарентноста се кријат многу дубиози кои ќе го оптоварат работењето на новата влада. На тоа упатува мошне интензивното задолжување на власта на домашниот пазар на капитал и тоа не само во износ на враќање на старите долгови, туку и значително повеќе. Тоа значи дека неповолните состојби веќе ескалираат. Само промена на владата може да обезбеди запирање на натамошна ескалација. Веројатно еден од првите потези ќе биде ревидирањето на  непроизводните трошења и интензивирањето на продуктивните, со цел динамизирање на  растот.

Со 2-3% годишен раст на БДП не можат да се обезбедат ни средства за враќање на ануитетите од досега користените заеми, а не пак граѓаните да почнат да ги чувствуваат благодетите од растот. Без обезбедување на стапка на раст од  5 или  6%, сиромаштијата и понатаму ќе царува во Македонија. Но, и овие проценти не се обезбедуват без заеми, со таа разлика што во тој случај тие исклучиво ќе мора да се користат за производни капитални инвестиции, кои ќе можат самите да се сервисираат од доходот што ќе го создаваат. Не смее ниту да се помисли со нив да се алиментира непроизводната потрошувачка. За таква цел, долгот не смее да се зголеми ниту за цент. Вкупниот надворешен долг на земјата во третиот квартал од минатата година веќе достигна 8,4 милијарди евра или 7,5 милијарди долари, а односот на долгот во БДП  веќе изнесува над 78% што е ниво на високо задолжена земја. Да не заборавиме, мора да се направат и напори да се затворат сите вентили низ кои истекуваат милиони евра од постојната буџетска потрошувачка. Вкупните одливи од Македонија се проценуваат на околу 500 милиони годишно. Добар дел од нив, секако, се и буџетски пари кои се одливаат преку бројните анекс договори, преку јавните набавки или во шишиња и дипломатски ташни на високо позиционирани пријатели на власта.

Пресвртот кон подобро не може да биде ни брз ни лесен. Уништен е механизмот на создавање на нови вредности што се темели врз слободно претприемништво и конкуренција, а популистичките мерки и активности на владата удрија во плафон. Трошоците се толку зголемени што тешко се доаѓа до средства за нивно натамошно финансирање. Каматите се се’ повисоки, а сосема е извесно дека со секое ново позајмување ќе бидат уште поголеми. Надворешниот долг ќе притиска уште повеќе. Девизното долгорочно задолжување на државата на домашниот пазар на капитал уште повеќе ги влошува состојбите. И покрај огромните задолжувања последниве три години девизните резерви на земјата се закатанчија на ниво од 2,2 милијарди евра, а бруто надворешниот долг порасна од 6 на 7,5 милијарди евра. А стагнацијата на девизните резерви и порастот на бруто надворешниот долг  ги влошуваат  условите  за сервисирање на  вкупниот надворешен долг. 

Покрај проблемите со задолженоста, состојбата се влошува и со фијаското на главниот владин мотор на развојот- странските директни инвестиции, па за нив новата влада ќе мора да бара поефикасна замена. Нивните ефекти не се почувствуваа ниту во динамиката на економскиот раст ниту во извозот. Да не зборуваме за платите на вработените. Точно е дека го зголемуват и производството и извозот, ама во истовреме, заради нелојалната конкуренција на домашните компании, динамиката на растот на производството се забавува, а извозот е на ниво од пред пет години.

Сите знаеја за пропагандните спинови на власта и провладините медиуми за „успесите“ во работењето на странските фирми во Македонија. Меѓутоа, не се веруваше дека успесите се толку „тенки“ од повеќе аспекти. Истражувачите ја разбија перцепцијата дека во Македонија секоја недела доаѓа странски инвеститор, отвора фабрики и вложува милиони евра и вработува голем број работници, особено пред избори. Јасно покажаа дека од 138 најавени инвестиции се реализарале само 51, во тек на реализација се 44, а 43 воопшто не се реализирале. Истражувачите ја кренаа и маглата  околу големиот број вработени во фирмите во ТИРЗ-овите. Во 25 странски фирми се вработени само 12.600 работници, а просечната плата во нив е само 261 евро, што е за околу 100 евра пониска од просечната плата во земјава. Истражувачите ја спуштија и завесата за директните трошоци од владините политики за поддршка на странските директни инвестиции. Наместо владата, која се оглушуваше, тие ја информираа јавноста дека директните државни трошоци изнесуваат околу 160 милиони евра. Тоа се повеќе пари отколку што странските фирми исплатите плати за вработените, а исплатиле само 92 милиони евра. А тоа значи дека нашите даночни обврзници им го зголемуваат профитот на странците. Не е отповеќе ако се каже дека за секој вработен во ТИРЗ-овите државата субвенционирала  по 12.580 евра, а во Србија таквите субвенции изнесувале околу 7.600 евра.

Допрва ќе слушаме како се распределувани субвенциите на земјоделците и страските фирмин, како е доделувано државното земјиште и другите буџетски средства (особено за вработувањето и социјалните надокнади) со оглед на определени индиции за изборна корупција на различни слоеви од населението. Се’ се тоа пунктови на кои мора да се направи брз пресврт со цел да се надмине досегашната практика и создадат услови за системски решенија на проблемите во споменатите сфери.

Нема потреба да се евидентираат и други познати или скриени дубиози во финансиите на земјата за да се констатира дека состојбата е загрижувачка. Потенцијалните коалиционери тоа мораат да го имаат предвид. Иднината на државата не смее да се става во залог на остварување на одделни парцијални цели, особено кога е веќе јасно дека меѓу ривалските македонски партии нема разлики во однос на етничките барања на Албанците, а разликите со ВМРО-ДПМНЕ се сведуваат на продолжувањето на рокот за работата на СЈО. Ако е така, тогаш албанските парламентарци немаат проблеми за формирање влада во коалиција со СДСМ, се разбира доколку намерите им се чесни. Во спротивно, со продолжување на агонијата ситуацијата само дополнително ќе се влошува, а  нејзиното пресретнување ќе станува невозможно. А тогаш како и досега, освен „врхушките“ никој друг, без оглед на националноста и партиската припадност,  нема да остане поштеден.

д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

МИЛОШОСКИ РАСПАЛИ ЗА ФЕЈСБУК СТАТУСОТ НА ТРЕНЧЕВСКА: Она кога другар(к)ите не ти ги соопштуваат изборните резултати, за да те заштитат од стрес и анксиозност

МИЛОШОСКИ РАСПАЛИ ЗА ФЕЈСБУК СТАТУСОТ НА ТРЕНЧЕВСКА: Она кога другар(к)ите не ти ги соопштуваат изборните резултати, за да те заштитат од стрес и анксиозност

Катимерини: Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ да не прави трикови вон договорот од Преспа

Катимерини: Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ да не прави трикови вон договорот од Преспа

„ОД ВД ПРЕМИЕР ШТО ГИ ГАСИ СИТЕ СЕМАФОРИ И ПРАВИ ХАОС НИЗ ГРАДОТ, НЕ Е ОЧЕКУВАНО ДА ГИ ЗНАЕ ОБВРСКИТЕ“: остра реакција од град Скопје

„ОД ВД ПРЕМИЕР ШТО ГИ ГАСИ СИТЕ СЕМАФОРИ И ПРАВИ ХАОС НИЗ ГРАДОТ, НЕ Е ОЧЕКУВАНО ДА ГИ ЗНАЕ ОБВРСКИТЕ“: остра реакција од град Скопје

СИЛНА ПОРАКА НА ФЕЈСБУК ОД ЌЕРКАТА НА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА - желби за просперитет, слога и соживот

СИЛНА ПОРАКА НА ФЕЈСБУК ОД ЌЕРКАТА НА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА - желби за просперитет, слога и соживот

ЕВЕ КОЈ ЌЕ ГИ БРАНИ БОИТЕ НА СДСМ ВО СОБРАНИЕТО - 18 „борци“ ќе мора да се покажат како добри опозиционери

ЕВЕ КОЈ ЌЕ ГИ БРАНИ БОИТЕ НА СДСМ ВО СОБРАНИЕТО - 18 „борци“ ќе мора да се покажат како добри опозиционери

Талат Џафери: Данела Арсовска да ја искоси тревата во Владата, затоа доби катастрофален број на гласови

Талат Џафери: Данела Арсовска да ја искоси тревата во Владата, затоа доби катастрофален број на гласови

КАКВА ПОРАКА САКА ДА МУ ИСПРАТИ САД НА МИЦКОСКИ И ВМРО-ДПМНЕ: Изборната победа и преземањето на власта е голема одговорност

КАКВА ПОРАКА САКА ДА МУ ИСПРАТИ САД НА МИЦКОСКИ И ВМРО-ДПМНЕ: Изборната победа и преземањето на власта е голема одговорност

Бучковски: На ВМРО-ДПМНЕ ќе му треба коалиција со двотретинско мнозинство за да ги исполни ветувањата

Бучковски: На ВМРО-ДПМНЕ ќе му треба коалиција со двотретинско мнозинство за да ги исполни ветувањата

„АЛО, Frankfurter Allgemeine вика победила партија на Орбан - ама вие пуни надеж“: професорката Колозова распали: „оти само ДУИ корумпирани биле“

„АЛО, Frankfurter Allgemeine вика победила партија на Орбан - ама вие пуни надеж“: професорката Колозова распали: „оти само ДУИ корумпирани биле“