21 Мај, 2024
0.0250

Штетите од ураганот Сенди може да стигнат и до 100 милјарди долари

Објавено во: Свет 31 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Источното крајбрежје на САД го преживеа катастрофалниот ураган Сенди, кој предизвика тешки поплави поради силниот ветер и поројните дождови, јавува Ројтерс. Бројката на жртвите од невремето порасна на околу 50 лица од кои 20 се во Њујорк. Откако ураганот тргна кон запад, беше соопштено и за смртен случај во Торонто, Канада. Стихијата зафати неколку американски држави од внатрешноста на земјата, каде што донесе снег, но и ја стави под прашање подготвеноста на локалните власти да ги организираат претседателските избори. Милиони луѓе од неколку американски држави на источното крајбрежје ќе ги поминат следните недели во расчистување на штетите  од Сенди, кој по својата деструктивна сила го надмина минатогодишниот ураганот Ајрин. Над 8 милиони луѓе во регионот низ кој мина Сенди, останаа без струја. Затворено е метрото во Њујорк поради поплавените станици, а во ниските делови на Менхетн штетите во подземната железница се исклучително сериозни поради што на помош се повикани инженери и воени единици. На места водите на улиците на Менхетен надминуваат 1 метар. Катастрофа со вакви размери беше регистрирана во далечната 1960 година, кога во реонот беснееше ураганот Дона, соопшти националната метеоролошка служба на САД. Поради Сенди беше одложен традиционалниот марш за Ноќта на вештерките, кој се одржува секоја година во Њујорк. Забранет е пристапот на луѓето до парковите поради опасноста од паднати дрвја. Градоначалникот Мајкл Блумберг соопшти дека силниот ветер уништил над 7 илјади дрвја поради што парковите ќе останат затворени. Аеродромите во реонот на Њујорк откажаа над 18 илјади летови. Се планира послтепено да почнат со работа од денеска. Има проблеми и со железничкиот транспорт во источните Држави, а железничката линија меѓу Вашингтон и Бостон останува затворена. Некои од затворените патишта во државите Њујорк, Њу Џерси и Конектикат беа отворени за сообраќај, а се планира од  денеска да проработи и берзата во Њујорк. Ураганот Сенди е секако предизвика повеќе штета отколку Ајрин минатата година, но точните пресметки ќе одземат повеќе време поради големите материјални штети, коментираат осигурителните компании. Засега проекциите за штетите се различни и се движат од 5-10 па се до 100 милијарди долари. Само загубите на осигурителните компании се ошекува да стигнат до 10 милијарди долари. Според оценките на метеоролошките служби Сенди е петтиот најсилен ураган кој некогаш поминал во САД.

Можеби ќе ве интересира

ИРНА: Техничка неисправност предизвика пад на хеликоптерот во кој загина Раиси

ИРНА: Техничка неисправност предизвика пад на хеликоптерот во кој загина Раиси

МОЛАТ ЗА МИЛОСТ! Тројца Американци во Конго обвинети дека работат ЦИА: Уапсени по неуспешниот пуч (ВИДЕО)

МОЛАТ ЗА МИЛОСТ! Тројца Американци во Конго обвинети дека работат ЦИА: Уапсени по неуспешниот пуч (ВИДЕО)

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји