26 Мај, 2024
0.1425

„Шпаркасе“ стана најголем акционер во Берзата и во ЦДХВ!

Објавено во: Економија, Финансии 01 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Преку блок трансакции оваа банка купи акции 278 акции со право на глас во Берзата каде сега поседува 16 отсто од сите акции, а во Централниот депозитар за хартии од вредност поседува 20 отсто од акциите. На 26 мај годинава Комисијата за хартии од вредност даде одобрение за трансакциите со кои банката стана најголем акционер во две клучни инстанци во системот на нашиот национален пазар на капитал „Шпаркасе банка“ стана најголем поединечен акционер во Македонската берза за хартии од вредност и во Централниот депозитар за хартии од вредност откако вчера купи акции во двете фирми за што плати 25,69 милиони денари (околу 416.000 евра). Во првата блок трансакција „Шпаркасе“ купи 276 акции со право на глас во берзата по единечна цена од 50.000 денари за акција со што купи 9,95 отсто од акциите сите акции. За овие акции „Шпаркасе“ плати 13,9 милиони денари. Продавач на акциите е „Фершпед брокер“ фирма ќерка на „Фершпед“. Ова може да се заклучи од увид во финансискиот извештај на берзата за 2014 година во кој „Фершпед брокер“ е сопственик на иста количина акции со право на глас и е единствен сопственик на 278 акции. Сега „Шпаркасе„ е најголем поединечен сопственик на акции во нашата берза со посед врз 16 отсто. Според достапните податоци за состојбата од крајот на 2014 година втори акционери по големина се „Комерцијална банка“ и „ТТК Банка“ кои поседуваат по 9,99 отсто од акциите, а потоа следуваат „Стопанска банка Скопје“ со 9,96 отсто и Еуростандард банка со 9,89 отсто. Оваа промена на силите во акционерската структура може во одреден период да донесе промени во работењето на нашата берза доколку „Шпаркасе“ реши да прави промени, но и доколку за тоа има доволно сојузници со кои можат да ги изгласаат измените. Кај ЦДХВ влијанието на „Шпаркасе“ ќе биде уште поголемо затоа што таму банката купи 842 акции со право на глас што претставува 14 отсто од сите управувачки права во ЦДХВ. За нив плати 11,79 милиони денари односно 14.000 денари по акција. Заедно со претходно поседуваните 6 отсто, сега „Шпаркасе“ таму управува 20 отсто односно една петина од сите управувачки права. Според последните официјални податоци (заклучно со 30 мај годинава) ЦДХВ имал 20 акционери домашни правни лица кои заедно поседуваат 6.000 акции. Сега е можно по реализираната трансакција бројот на акцинери во ЦДХВ да се намали за еден на 19 правни лица затоа што веројатно „Шпаркасе“ ги откупи сите акции од тој акционер. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

РАБОТНИЦИТЕ НА ОВАА ГЕРМАНСКА ФИРМА ДОБИВААТ ГОЛЕМ БОНУС - компанијата им дава над 40 илјади евра

РАБОТНИЦИТЕ НА ОВАА ГЕРМАНСКА ФИРМА ДОБИВААТ ГОЛЕМ БОНУС - компанијата им дава над 40 илјади евра

СТАНА КРАЛ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ - познат српски трубач гради 17 луксузни вили на Златибор, еве кога ќе бидат вселиви

СТАНА КРАЛ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ - познат српски трубач гради 17 луксузни вили на Златибор, еве кога ќе бидат вселиви

ВО СВЕТОТ: ДОАЃА НОВ БРАН НА СНИЖУВАЊА - голема компанија објави намалување на цените на над 4.000 производи. А кај нас кога?

ВО СВЕТОТ: ДОАЃА НОВ БРАН НА СНИЖУВАЊА - голема компанија објави намалување на цените на над 4.000 производи. А кај нас кога?

ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА ПРОЕКТ „ТУРБО РАБОТА“ - еве што тој ќе значи

ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА ПРОЕКТ „ТУРБО РАБОТА“ - еве што тој ќе значи

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

ЕВЕ КАКО СЕ ДВИЖИ ЦЕНАТА НА ЦРНОТО ЗЛАТО: Имаше ли значителни промени?

ЕВЕ КАКО СЕ ДВИЖИ ЦЕНАТА НА ЦРНОТО ЗЛАТО: Имаше ли значителни промени?

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател

Кина го победува Западот во борбата за минерали

Кина го победува Западот во борбата за минерали

Бислимовски: Работиме на воведување уште еден час евтина тарифа на струја

Бислимовски: Работиме на воведување уште еден час евтина тарифа на струја