19 Октомври, 2019
0.0238

САКААТ ТУКА ДА ОСТАНАТ: Балканска земја е рај за работници од Непал

Објавено во: Финансии, Балкан 10 Септември, 2019

Непалци и Индијци работат во Шибеник и Самобор во Хрватска и се повеќе од задоволни од условите за работа. 

Преку агенциите за посредници поминале долг  пат, тоа ги чинело скапо, но велат дека Хрватска за нив е ветена земја. 

Странските работници велат дека од платите можат да одвојат пари и да им пратат на своите семејства. 

Тие работат во стакленици каде берат домати. 

„Работата е едноставна, воопшто не е тешка  и имам шанса да им помогнам на децата и родителите. Луѓето се многу љубезни, ми помагаат и ме поддржуваат ако нешто ми треба“, вели Назрин Тимипир од Непал. 

Таа раскажува дека во својата земја живеела во изнајмена куќа заедно со својот брат и трите деца, но земала мала плата, и затоа се надева дека ќе остане да живее во Хрватска. 

Амбар Лимбу од Непал месец дена е во Самобор, му се допаѓа местото, и се надева дека сопругата и децата ќе му се придружат. 

Ирфан Мохамада од Индија бил среќен кога му кажале дека во Хрватска  е лето, има топло време и не паѓа снег често како во Швајцарија. 

Дома работел како снимател, а сега бере домати во Хрватска за плата од 500 евра. 

Читајте уште

ЗЕМЈА КОЈА Е РАЈ ЗА РАБОТНИЦИ: Можеш да дојдеш 3 часа порано на работа, а можеш да работиш и од викендица

Можеби ќе ве интересира

Владата на Заев до сега со три заеми, една еврообврзница и со огромен кредит на повидок

Владата на Заев до сега со три заеми, една еврообврзница и со огромен кредит на повидок

Октомври, месецот на штедење идеален да почнете да размислувате за посигурни пензионерски денови

Октомври, месецот на штедење идеален да почнете да размислувате за посигурни пензионерски денови

МИНИМАЛЕЦ ОД 14.500 ДЕНАРИ - посреќни работници, скептични газди - треба ли уште еднаш да се „премери“

МИНИМАЛЕЦ ОД 14.500 ДЕНАРИ - посреќни работници, скептични газди - треба ли уште еднаш да се „премери“

МФ: Со денешната редовна аукција Министерството за финансии сервисира стари долгови од пред 5 години

МФ: Со денешната редовна аукција Министерството за финансии сервисира стари долгови од пред 5 години

Од камен прават хартија: Спасуваат многу дрвја и трошат помалку вода

Од камен прават хартија: Спасуваат многу дрвја и трошат помалку вода