Руската Леди Ди загина во трагична сообраќајка во Швајцарија
Објавено во: Свет 27 Ноември, 2016
Младата Дијана Лебедева која медиумите ја нарекуваат руската „Леди Ди“ загина во трагична сообраќајна несреќа во Швајцарија откако со автомобилот излетала во провалија. Лебедева била заедно со 23 годишниот Азер Јагубов, син на азербејџански бизнисмен, па со автомобилот слетале во езерото Лугано, при што и двајцата загинале.
БМВ-то во кое се возеле најверојатно учествувало во трка, по што изгубиле целосна контрола, а се води истрага за сите детали како дошло до страшната несреќа.
За Дијана руските медиуми пренесуваат дека била дел од младата богата елита, а таа е внука на бизнисменот Платон Лебедев (59) , близок соработник на најостриот критичар на Путин, Михаил Ходорковски. Тој поминал 11 години в затвор ( од 2003 до 2014) поради затајување на данок и перење на пари.