19 Мај, 2024
0.0261

Рудникот Иловица на мета на Владата - Ќе сопре ли експлоатацијата на злато?

Објавено во: Економија 11 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Откако Владата го раскина договорот за експлоатација на рудникот за бакар Казандол во Валандово, сега на „мета“ е и рудникот за злато Иловица чија концесија за експлоатација ја доби концернот Еуромакс. Едно од предизборните ветувања на премиерот Заев и на СДСМ беше дека целосно ќе се преиспита политиката на отворање на рудници на југоистокот на Македонија за кои постоеја силни протести од страна на граѓаните, како и на невладините движења за заштита на животната средина со многу грижи дека овие инвестиции ќе доведат до загрозување на здравјето на луѓето со можни хаварии и тешки последици за одгледувањето на органско земјоделие. 

Токму затоа како што се очекуваше Владата повлече потег и за преиспитување на договорот со Еуромакс кој ако не е испочитуван од страна на концесионерот постои можност да биде раскинат или пак да биде поведена соодветна постапка, за што се разговараше и на вчерашната 63-та седница. 

„Владата  го задолжи Министерството за економија да ја продолжи постапката со која од концесионерот „Еуромакс“, за експлоатација на минерални суровини бакар и злато на локалитетот Иловица, се бара комплетирање на документацијата. За оваа своја иницијатива Владата се повикува на известувањето на Министерството за економија од 2016 година до „Еуромакс“ во кое се бара од концесионерот, до одреден период, да ја комплетира документацијата како обврска од договорот за концесија, и го информира дека, меѓу другото, не се доставени доказ за решени имотно правни односи во делот на земјиштето на кое ќе се врши експлоатацијата, како и решението за одобрување на студијата за оцена на влијанието на животната средина, а направени се и други повреди на договорот.

Согласно договорот за концесија, неподнесувањето на само овие два документа се доволни за да отпочне постапката за преиспитување на почитувањето на договорот, и затоа Владата на РМ на денешната седница го задолжи Министерството за економија во рок од 7 дена да достави информација дали во меѓувреме е комплетирана документацијата, по што ќе биде донесен соодветен заклучок“.

Рудникот за злато „Иловица“ беше најавуван како една од најголемите инвестиции во земјава вредна околу 500 милиони долари со тоа што концесијата за експлоатација на злато е над 20 години. Според проценките на економистите вредноста на рудникот според актуелните цени на златото изнесува околу 10 милијарди американски долари, додека пак државата од тоа ќе добие само 2% концесија од екстрадираната златна руда и останати минерали заедно со средствата вложени во плати и придонеси за луѓето кои ќе бидат вработени. 

Проектот во Иловица е еден од најамбициозните во градежна смисла со изградба на огромна брана за хидројаловиштето, а е од отворен вид со речиси целосно пресекување на планината Огражден и во непосредна близина на најплодното земјоделско земјиште каде се произведува огромен процент од храната во Струмичкото поле.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра