21 Мај, 2024
0.0283

Ревизијата крена раце од „Технометал Вардар“

Објавено во: Економија 12 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Ревизорите, меѓу другото, обрнуваат внимание дека тековните обврски значително ги надминуваат тековните средства поради што „Технометал Вардар“ се соочува со значајни ликвидносни проблеми!

 Независните ревизори кои ги анализираа финансиските резултати на „Технометал Вардар“ за лани, се воздржуваат и не дадоа мислење за тоа како финансиските извештаи го одразуваат работењето на компанија.

Во објаснувањето на ревизорите пишува дека тие се воздржуваат од давање мислење заради тоа што не биле во можност, иако се обиделе со сите начини, да обезбедат достапни и соодветни ревизорски докази како основа за мислењето на ревизијата. Заради тоа тие се воздржуваат да искажат мислење за финансиските извештаи на „Технометал Вардар“.

Ревизорите откриваат дека „Комерцијална банка“ од „Технометал Вардар“ превзела заложен недвижен имот во нето вредност од 5,7 милиони евра во населбата „Маџари“.

Во десетте точки во кои ревизорите објаснуваат зошто одлучиле дека не можат да дадат мислење за тоа дали финансиските резултати соодветсвуваат на финансиската реална слика на оваа трговска компанија се издвојуваат две. 

Многу значајна е таа дека друштвото не обелоденило информација за старосната структура на финансиските средства и на финансиските обврски и покрај тоа што тоа не е во согласност со Меѓународниот стандард за финансиско известување.

Можеби најважно е тоа што друштвото не направило исправка на вредноста на побарувања од купувачи кои потекнуваат од минати години, а станува збор за безмалку 2 милиони евра. 

Мора да се обрне внимание и на фактот што друштвото има проблем со наплата на побарувања од купувачи, побарувања за аванси и депозити и побарувања по долгорочни кредити во вкупен износ од околу 1,5 милиони евра. Исто таја ревизорите увиделе дека средствата на друштвото се преценети за уште 1,5 милиони евра. Ревизорите обрнуваат внимание дека тековните обврски значително ги надминуваат тековните средства поради што „Технометал Вардар“ се соочува со значајни ликвидносни проблеми.

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте