Расте бројот на заразени во Србија
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 24 Јули, 2021
Расте бројот на заразени од коронавирусот во Србија.
Во последните 24 часа пет пациенти починале така што вкупниот број на жртви е 7.103, објави Министерството за здравство. 8.596 лица се тестирани за коронавирус, од кои 249 се позитивни. Постојат девет пациенти на респиратори. Вкупно 327 лица се примени во болница. Од почетокот на епидемијата, во Србија официјално се потврдени 719.913 случаи на коронавирусот. Стапката на смртност е 0,99 проценти.
Вчера во земјата имаше 202 заразени. Властите препорачуваат и трета доза вакцина против коронавирусот. Во регионот најлоша е состојбата во Грција.