Пултови за МојДДВ: Зошто некои сметки не се скенираат
Објавено во: Економија 19 Јули, 2019
Пулт „Мој ДДВ“ на кој граѓаните ќе оже да се информираат за мерката поврат на ДДВ и за сите нејаснотии околу скенирањето на сметките ќе постави денеска Управата за јавни пригоди (УЈП) во Веро 2 Тафталиџе во Скопје
Од УЈП информираат дека вакви пултови ќе се поставуваат и на други места во повеќе градови низ државата.
Мерката стартуваше од 1 јули, а според инфрмациите од УЈП граѓаните покажуваат интерес и ги скенираат сметките. Се зголемил доста и бројот на пријави од граѓани за објекти.
На 36 места во организациските единици на територија на целата држава се поставени и киоск апарати, баркод читачи и паметни мобилни телефони преку кои УЈП им овозможува на граѓаните да ги скенираат своите фискални сметки.