ПУ ПУ НЕ ВАЖИ: Кичеец вети, ама не влезе во затвор, ќе го чекаат само до 16 часот
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2020
Зоран Милевски Кичеец кој вчера требаше да се појави во затворот во Шутка, пред терминот испратил барање да му се одложи казната, изјавиле од Кривичниот суд за медиумите.
Ова следува откако вчера Кичеец најавуваше дека самиот ќе се пријави и дека нема да бара одложување. Но, и покрај неговата ваква изјава, тој претходно имал испратено барање за одложување на казната до судија за извршување на санкции.
Она што сега се знае како брифинг од Кривичниот суд за Тв 24, е дека судијата Пајазит Пајазити почнал да го разгледува неговото барање.
Во овој момент нема детали кои се аргументите на Кичеец, кој е осуден за случајот Рекет, на кои тој се повикува дека треба да му се одложи казната, кој изнесува три години затвор. Или всушност, тој би требало да одлежи уште една и половина година, бидејќи другиот дек веќе го одлежа во притворското одделение во Шутка.
Директорот на Затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Есад Рахиќ, пак, за Канал 5 изјавил дека Горан Милески-Кичеец се уште не влегол во затворот, каде што требаше да се јави на издржување на затворската казна.
Неговиот упатен акт од Основниот кривичен суд во Скопје беше со вчерашен датум, односно 12 октомври.
Од затворот изјавиле дека очекуваат тој денеска да се пријави, а ако не го направи тоа до 16 часот, ќе испратат известување до судот и до полицијата.