Протест на словенечките универзитети
Објавено во: Балкан 06 Декември, 2012
Студенти, професори и други вработени во Универзитетот во Љубљана денеска протестираа поради владините мерки за штедење и предлог-буџетот за следните две години.
Тие се собраа пред зградата на Универзитетот и се упатија кон Парламентот, кој денеска треба да се економските мерки и за буџетот во следните две години.
Демонстрантите носеа транспаренти „Економиите не дејствуваат“, „За целосно финансирање на државниот Универзитет“, „За социјална Европа“.
На протестот се придружија и Универзитетот од Копар и од Марибор.