26 Април, 2024
0.0378

ПРИШТИНА ВО НЕПОВОЛНА ПОЗИЦИЈА ВО ДИЈАЛОГОТ, непромислените постапки на Курти ја доведоа во ќорсокак, вели Хоти

Објавено во: Балкан 29 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Поранешниот косовски премиер Авдулах Хоти денеска изјави дека Косово е во неповолна позиција во дијалогот со Србија, поради непромислените постапки на Аљбин Курти.

Според него, Косово сега е во ќорсокак и барањето на меѓународните партнери е веднаш да се формира Заедница на општини со српско мнозинство, изјави Хоти за Косовапрес.

Хоти изјави дека неговата влада оставила рамка за дијалог чија цел е взаемно признавање, но дека со постапките на Курти овој процес е назад.

- Сметам дека погрешниот пристап на оваа влада од самиот почеток доведе до сегашната ситуација, каде што сега нашите меѓународни партнери бараат веднаш да се формира Заедница на српски општини. Во претходната влада со нашите меѓународни партнери договоривме рамка за дијалог што не ги допира овие теми и не ги вклучува темите за територијален интегритет, суверенитет, така што конечниот договор би бил нормализација и меѓусебно признавање. Тоа треба да биде договор во согласност со Уставот на Косово и не треба да се договориме за ништо додека не се договориме за се. Што направи оваа влада? Тие ја напуштија таа рамка на дијалог и дојдоа до некои точки кои нè вратија век и половина назад и ја ставија земјата и самите себе во ќорсокак, нанесувајќи и големи штети на земјата - рече Хоти, а пренесе „Нова.рс“.

Тој додаде дека Косово е во дополнителна неповолна позиција за дијалог, поради одлуките кои доведоа до влошување на ситуацијата на северот и повлекување на Србите од институциите на Косово.

- Најдобар начин да се излезе од ќорсокакот е да се создаде политички консензус во земјата и тесна координација со нашите меѓународни партнери, особено со САД, со цел да се избегне создавање непотребни проблеми на теренот. Постојано барање на нашите партнери е да не создаваме вакви проблеми и покрај тоа што сме во право во акциите што се преземаат на северот од државата во последните месеци. Сите ни дадоа право, но побараа да ги одложиме овие одлуки за момент што е поповолен за Косово. Денеска сме во најнеповолна ситуација за дијалог, бидејќи тоа е ситуација кога сите институции на редот и законот на државата Косово не се наоѓаат на север - рече Хоти.

Хоти рече дека очекува да се внесе поголема транспарентност во процесот на дијалог и дека владините претставници ќе бидат внимателни во активностите што ги преземаат и дека ќе работат на политичката кохезија неопходна за процесот на дијалог.

Тој одби да го коментира планот на ЕУ за дијалог, велејќи дека Владата на Косово и во овој поглед не е транспарентна.

- Ќе барам и очекувам да добијам извештај во Собранието. Сметам дека опозицијата и граѓаните не можат да го прифатат нацртот на француско-германскиот план. Неприфатливо е Владата во септември да испраќа коментари, во декември да враќа нов нацрт, без да ја информира јавноста или граѓаните за тоа, ниту Собранието како уставна институција која го надгледува процесот на дијалог. Се зборува за француско-германски план, но нема официјална информација од Владата за јавноста и Собранието, затоа морам да бидам претпазлив за содржината на овој план, додека Собранието официјално не биде известено за тоа - дополни Хоти. 

Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци