26 Мај, 2024
0.1293

Предстечај за телевизијата на Кочан: Замрзнат имотот на ТВ Нова

Објавено во: Економија 06 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Централниот регистар објави дека е отворена постапка за отворање стечај над телевизијата Нова. Судското рочиште е закажано за 22 јуни и на него треба да се утврди дали ќе биде отворен стечајот или не. Во меѓувреме Основниот суд одреди Христина Јоновска да биде привремен стечаен управник. Таа, наместо сопствениците на телевизијата ќе располага со имотот на друштвото.

Во одлуката стои и дека Јоновска ќе дава согласност на органите за управување на должникот за сето работење се до конечната одлука дали ќе има или не стечај. Ова решение е донесено за да се избегне можноста да се намали значајно имотот на телевизијата и да се испита дали должникот има имот над кој може да се отвори и е доволен за спроведување на стечајна постапка и намирување на трошоците на стечајната постапка.

„Се одредува општа забрана за располагање со имотот на должникот. Се забранува одредување  или спроведување на присилно извршување или обезбедување против должникот и се забранува исплати од сметките на должникот. Се повикуваат должниците на должникот своите обврски да ги исполнат“, стои во решението од Основниот суд Скопје 2.

Сопственик на телевизијата Нова е бизнисменот Сеад Кочан. Тој сега е обвинет во една од постапките која ги поведе Специјалното јавно обвинителство. Поранешни вработени се доверители затоа што немаат земено шест плати.


Можеби ќе ве интересира

РАБОТНИЦИТЕ НА ОВАА ГЕРМАНСКА ФИРМА ДОБИВААТ ГОЛЕМ БОНУС - компанијата им дава над 40 илјади евра

РАБОТНИЦИТЕ НА ОВАА ГЕРМАНСКА ФИРМА ДОБИВААТ ГОЛЕМ БОНУС - компанијата им дава над 40 илјади евра

СТАНА КРАЛ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ - познат српски трубач гради 17 луксузни вили на Златибор, еве кога ќе бидат вселиви

СТАНА КРАЛ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ - познат српски трубач гради 17 луксузни вили на Златибор, еве кога ќе бидат вселиви

ВО СВЕТОТ: ДОАЃА НОВ БРАН НА СНИЖУВАЊА - голема компанија објави намалување на цените на над 4.000 производи. А кај нас кога?

ВО СВЕТОТ: ДОАЃА НОВ БРАН НА СНИЖУВАЊА - голема компанија објави намалување на цените на над 4.000 производи. А кај нас кога?

ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА ПРОЕКТ „ТУРБО РАБОТА“ - еве што тој ќе значи

ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА ПРОЕКТ „ТУРБО РАБОТА“ - еве што тој ќе значи

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

ЕВЕ КАКО СЕ ДВИЖИ ЦЕНАТА НА ЦРНОТО ЗЛАТО: Имаше ли значителни промени?

ЕВЕ КАКО СЕ ДВИЖИ ЦЕНАТА НА ЦРНОТО ЗЛАТО: Имаше ли значителни промени?

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател

Кина го победува Западот во борбата за минерали

Кина го победува Западот во борбата за минерали

Бислимовски: Работиме на воведување уште еден час евтина тарифа на струја

Бислимовски: Работиме на воведување уште еден час евтина тарифа на струја