21 Мај, 2024
0.0275

Повеќе од две години 15 милиони евра чекаат за модернизирање на терминалот на охридскиот аеродром

Објавено во: Економија 10 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Сума од 15 милиони евра за реконструирање на двата македонски аеродроми се уште не е потрошена по повеќе од две и пол години од донесувањето на ТАВ-програмата. Последната одлука на Владата донесена минатиот месец е овие 904 милиони денари да ги контролира акционерското друштво во државна сопственост „Аеродроми на РСМ“ и да послужат за модернизација и проширување на терминалната зграда само на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

Во 2020, кога беше донесена ТАВ-програмата во вредност од 50 милиони евра наменети за десетици локални проекти, беше одлучено сума од 15 милиони евра да биде искористена за обновување на терминалите на скопскиот и охридскиот аеродром, а проектот да го надгледува Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

- Во меѓувреме беше заклучено дека нема потреба од овие пари да се инвестира во скопскиот терминал и сите средства да се пренасочат во охридскиот, како и тоа дека тука надлежност има АД Аеродроми, а на АДСДП, изјави Трајче Ангеловски, директорот на „Аеродроми на РСМ“.

Првиот човек на државното акционерско претпријатие, под чија надлежност се двата аеродроми, вели дека со овие 15 милиони евра самиот ТАВ Македонија како концесионер ќе објавува повик за изведувачи.

- Тие имаат свој оператор ТАВ Констракшн кој ќе биде задолжен за тоа, а ние ќе треба да спроведеме повик за надзорот на изградбата, како и да се погрижиме за самата урбанизација, бидејќи ќе има проширување за околу 1.000 метри квадратни. Парите за надзорот ќе бидат предвидени во планот за 2024, но бидејќи обично трошоците за негово ангажирање се околу 3-4 отсто од целата инвестиција, ние ќе побараме од ТАВ Македонија да ни помогне со донација, затоа што нашето друштво нема толкав годишен буџет за да може тоа да го покрие, тврди Ангеловски.

На крајот од 2020 беа објавени проектите со точните суми на пари чија изградба ќе треба да биде финансирана од 50-те милиони евра на ТАВ Македонија во договорот за пренамена на средствата што требаше да се потрошат за карго аеродромот во Штип, инаку обврска која операторот ја превзеде со добивањето на концесијата над аеродормите.

„Средствата од Проектот со архивски бр.02-11927/98 од 11.12.2020 година под назив Инвестиција во подобрување на Терминал на Аеродром Скопје и Инвестиција во модернизација и проширување на Терминал на Аеродром Охрид од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката - Скопје со вкупна проектирана вредност 904.050.000,00 денари се пренаменуваат за Проектот со архивски бр.09-7070/1 од 18.7.2023 година под назив Модернизација и проширување на Терминал на Аеродром Охрид од Акционерското друштво за аеродромски услуги АЕРОДРОМИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА со вкупна проектирана вредност 904.050.000,00 денари согласно поднесено барање и проектна документација“, објавено е во владината одлука.

Од ТАВ-програмата неискористени остануваат уште 16,4 милиони евра, според одлуката на Владата донесена на 25 јули, а која треба да се примени од 1 август.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте