Полицијата во Србија ги извади шлемовите
Објавено во: Балкан 17 Март, 2019
Српската полиција ги извади шлемовитe, a протестот во Белград заврши.
Протестот на здружената српска опозиција заврши попладнево околу 18 часот. Граѓаните кои се упатија од српскиот Парламент пред полициската станица „29 ноември“ се разотидоа, откако Бошко Обрадовиќ, еден од лидерите на Сојуз за Србија (СЗС), даде рок до властите до утре во 15 часот да бидат ослободени сите лица кои беа приведени за упадот во зградата на РТС.
Српските медиуми јавуваат дека полиција сè уште останува во кордон во близина на објектите на кои е распоредена, но без заштитни капи.
„Се случи 5-ти октомври а истото наскоро ќе му се случи и него наскоро. Тој е готов. Ние имаме проблем само со еден човек, а тој се крие во оваа зграда позади нас. Нема веќе враќање назад. До Велигден Александар Вучиќ нема да биде претседател на Србија“ - изјави Вук Јеремиќ.
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, во своето обраќање до нацијата по синоќешниот инцидент, порача дека државата нема да дозволи да се загрози ниту еден живот. Тој вели дека долго време молчел, но дека нема да дозволи преку насилство да се исполнат нечии желби.