20 Мај, 2024
0.0374

Пензиските фондови имаат повеќе пари од осигурителните компании, но помалку од банките

Објавено во: Финансии 05 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Пензиските фондови имаат голем потенцијал за раст и можност да влијаат врз движењата на македонскиот пазар на капитал, но осигурениците не се информирани за можностите што тие ги нудат, се дел од заклучоците на тркалезна маса за состојбите и перспективите на пензискиот систем во државата. Според професорот Томе Неновски, потребна е поголема пропаганда за граѓаните да наушат кои и какви можности нудат овие фондови. „Луѓето многу малку знаат за пензиските фондови, а можностите се многу големи и неограничени. Потребно е да се врши едукација, односно да се прошири знаењето на јавноста за тоа што може да се добие од пензиските фондови, нагласи Неновски. Во последниве 6 години пензиските фондови станале втора позначајна група на финансиски институции по банките и ги надминале осигурителните компании посочи професорот Владимир Филиповски. „И во следните години македонскиот финансиски сектор ќе остане доминиран од банките меѓутоа самиот начин на прилив на средства во задолжителните пензиски фондови ги прави тие да имаат голем потенцијал за раст и во финансиска смисла и во поглед на нивното значење како институции на финансискиот пазар“, вели  Филиповски кој додава и дека задолжителните пензиски фондови учествуваат со 4,3 проценти во активата на финансискиот сектор, односно повеќе од осигурителните компании. Од друга страна, вели тој, од 2006 година до денес се забележува и зголемување на вкупната актива на пензиските фондови, па  во 2006 година вкупната актива изнесувала 0,39 проценти од БДП, а денес 3,5 проценти. Со цел зголемување на свеста кај населението за овие фондови, од Министерството за труд  најавија бројни активности за едукацијата на осигурениците, пред се во делот на правата од капиталното финансисирано пензиско осигурување. Од реформирањето на системот па досега во вториот пензиски столб сега има околу 318 илјади членови а средствата на овој фондо достигнаа вредност од околу 330 милиони евра. Во третиот столб има околу 15 илјади членови, односно има средства во висина од околу три милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома