Oвој град е веднаш зад Скопје по бројот на активни случаи
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Октомври, 2020
Најмногу активни случаи на коронавирусот во Македонија има во Скопје, а зад него е Струмица.
Скопје има 1.586, а Струмица 245 случаи.
Кочани има 220, а Тетово бележи 213 активни случаи на коронавирусот.
Но, и во помалите градови бројките се високи, па така Берово има 51 активен, а Валандово 44, додека Виница има 40.
Ова е според податоците кои вчера ги објави Министерството за здравство.Вчера 4 луѓе починаа од последици на коронавирусот.
Во последните 24 часа, има информација за двајца заразени пратеници.