20 Мај, 2024
0.0266

ОН: Европските градови се најдобро место за живот

Објавено во: Економија 19 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

И покрај тоа што e во средиштето на најголемата финансиска криза од формирањето на Европската унија,  Европа останува  дом на најпросперитетните  градови во светот. Во новиот извештај на Програмата на Обединетите нации за живеалишта, која преку низа индекси, прави ранг листа  на најдобрите градовите за живот од целот свет,  19 од првите 25 остануваат  во Европа, а девет од нив го користат еврото како платежно средство. Виена која е прворангирана, не само што се справива со кризата во еврозоната , туку и со мигрантите кои доаѓаат овде за да заработат за живот. Затоа се отвара прашањето, зошто во извештајот  на ОН, градови во Европа се толку просперитетни и покрај дневните извештаи во кои луѓето излегуваат на протести поради штедењето, невработеноста и нееднаквоста во приходите? Сепак, кога се ќе се стави на вага, нештата се поинакви . „Индексот за просперитет на градот“ зема во предвид пет области: продуктивноста, квалитетот на живот, развојот на инфраструктурата, еднаквоста и социјалната инклузија, но и одржливоста на животната средина. Европа е еколошки свесен континент.  Голем капитал се инвестира во инфраструктурата; европските патишта, возови и јавниот транспорт се меѓу најдобрите во светот. Исто така, многу европски општества нудат многу пошироки програми за социјална помош од остатокот на светот, што ќе влијае на еднаквоста и социјална вклученост и квалитетот на животот. Кога ќе се погледнат овие параметри во детали, тогаш станува јасно  зошто европските градови се најдобро место за живеење. Еве ја листата на најпросперитетните градови во светот: 1. Виена 2. Њујорк 3. Торонто 4. Лондон 5. Стокхолм 6. Хелсинки 7. Даблин 8. Осло 9. Париз 10.Токио 11.Мелбурн 12.Окленд 13.Амстердам 14.Цирих 15.Копенхаген 16.Брисел 17.Барселона 18.Милано 19.Варшава 20.Лисабон 21.Будимпешта 22.Атина 23.Прага 24.Сеул 25.Москва

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра