20 Мај, 2024
0.2492

Охридска банка забележа пораст од 5%

Објавено во: Финансии 30 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Билансот на состојба на Охридска банка АД Охрид на крајот на Септември 2012 година изнесува 25,4 милијарди денари и забележа пораст од 5% во однос на состојбата во септември 2011 година, односно пораст од 4,5% во однос на состојбата на билансот на банката на 31.12.2011 година. Вкупните депозити од клиентите во наведениот период учестуваат со 75,8% во билансот на состојба и евидентираат пораст од 13,4% во однос на декември 2011 година. Структурално најголемите промени се во делот на депозитите на правните лица кои се зголемени за 14,2%, додека депозитите од физичките лица се зголемени за 7,4%. Овој пораст е особено значаен ако се има во предвид реализацијата на претходно најавените повлекувања на значајни износи на депозити од неколку големи клиенти во текот на септември. Вкупните кредити на клиенти изнесуваат 14.261 ммкд на нето основа или 56% од билансот на банката и се за 240 милиони денари повисоки споредено со август 2012 година и 903 ммкд споредено со декември 2011 година. Остварениот финансиски резултат во периодот Јануари-Септември 2012 година изнесува 87,8 милиони денари што е значително повисок во однос на остварениот резултат во истиот период од 2011 година кога изнесуваше 31,8 милиони денари. Значително повисокиот реализиран резултат се должи на: - Повисоките приходи од редовно работење во чии рамки значителен пораст бележат нето приходите од провизии (24,7 ммкд или 21,9% ) и нето приходите од камати кои се повисоки за околу 5 ммкд, - Остварени повисоки останати приходи во кои е вклучен позитивен ефект од остварена капитална добивка, - Реализирана заштеда кај оперативните трошоци и зајакната контрола со цел да се ограничи нивниот пораст, - Пониски трошоци за оштетување на дадените кредити во однос на минатата година, со позитивно влијание на наплатата во тековната година.  

Можеби ќе ве интересира

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома