Одбиено тужбеното барање на Рускоска за билбордите на ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2020
Судот го одби тужбеното барање на јавната обвинителка за корупција и организиран криминал Вилма Рускоска против ВМРО-ДПМНЕ за „црната кампања“ против неа во рекламните спотови на најголемата опозициска партија во предизборната кампања.
- Ќе видиме каково ќе биде образложението. Според нас исполнети се услови за клевета. Сваровски судијата од тевтерчето не може да пресуди против тие што го избрале и се уште го држат за уши, беше кусиот коментар на адвокатот на Рускоска, Панче Ефтимов.
Рускоска бараше 10.000 евра отштета, а најави дека доколку ги добие, парите ќе ги донира за СОС Детско село.