20 Мај, 2024
0.0284

НОВА ДАВАЧКА: за емитување музика ќе плаќаат сите!

Објавено во: Економија 18 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

За слушање на музика по нова година во Македонија ќе плаќаат сите, од радиостаници, до семкарници, хотели, кафулиња, продавници... Се размислува во оваа давачка да бидат вклучени дури и објектите на МПЦ, бидејќи и кај нив се слуша музика. Здружението на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи ММИ (Македонска Музичка индустрија) , ја доби лиценцата од Министерството за култура за колективно управување на сродните права на произведувачите на фонограми и на уметниците музички изведувачи, во согласност со Законот за авторското право и сроднитe права. Здружението наскоро ќе започне со прибирање на парични надоместоци од сите корисници кои јавно пуштаат музика во РМ, а со цел правилна распределба и надокнада за искористувањето на музиката во делот кој им припаѓа на фонограмските продуценти и музичките изведувачи. Се очекува законот да биде заокружен најдоцна до Нова година, по што тие дури и без потпишани договори, ќе може да започат со наплата. Како корисници се јавуваат различни категории од медиуми, до угостителски објекти, козметички салони, па дури и мали продавници и семкарници. Секаде каде музиката ќе се слуша јавно, ќе постои обрска за наплата на оваа давачка. Според светските и регионални искуства во колективното управување на правата на произведувачите на музика и изведувачите, користењето на музиката влијаело врз создавањето на профитот на стопанските субјекти, па според тоа, тие за користење на музиката имаат обврска за плаќење. Ќе плаќа и МПЦ! Во предлог тарифникот на ММИ (http://mmi.mk/library/Predlog%20Tarifnik.pdf), потпишан од Претседателот на УО на ММИ Дориан Јовановиќ, објавен на нивната веб страна стои дека покрај стандардната наплата која се движи од 2-4% од приходот во зависност од форматот на медиумите и зоната на покривање (локални, регионални или национални медиуми), ќе се наплаќа и за стримингот на интернет. Според истиот тарифник, ќе плаќаат и непрофитните трговски радио друштва. „Се размислува од оваа давачка да не бидат поштедени ни објектите на МПЦ, бидејќи и таму се емитува музика во чие создавање учествувале неколку луѓе, од композитори, до продуценти, изведувачи, аражнери“-истакна директорот на ова здружение, Бодан Арсовски. Висината на таксата е одредена од неколку фактори. На пример повисока такса ќе имаат објектите во туристички регион отколку тие во нетуристички, хотелите со пет ѕвезди исто така ќе плаќаат повисока такса од тие со една, различна ќе биде и цената на такса за музика која ќе се пушта пред 24 часот и по тој временски период. Слично ќе биде таргетирањето и на медиумите во зависност од програмската шема и присуството на музиката во неа. На ова во текот на првата работилница на оваа тема, одржана во хотел Континентал,  негативно реагираше огранокот на угостителите при Стопанската комора. Преставниците на целата Стопанска комора пак негодуваа на брзата постапка за донесување на овој закон, укажувајќи на општата економска состојба во земјава која со оваа давачка уште еднаш ги обременува нивните членки кои и бездруго едвај преживуваат со сегашната кондиција. На ист став се и медиумите кои сметаат дека доколку овој закон се донесе, тогаш мора да се земе предвид тарифата по која ќе се наплатува оваа давачка. Пари и за странска музика  Според Арсовски со оваа давачка не се обрзуваат само тие кои ќе емитуваат македонска музика, туку сите кои емитуваат било кава музика. Тие веќе имаат склучени договори со светските музички продукции како на пр Сони и сл, па ќе наплаќаат и ако ја емитувате Мадона, Стинг, Френк Синатра и други. По бројните негативни, но конструктивни реакции на присутните на оваа работилница, тој сепак додаде дека ќе ги земат предвид забелешките, па во периодот кој следи до донесувањето на овој закон ги покани сите да им ги достават своите сугестии. На крајот, истакна дека по донесувањето на законот, исклучоци нема да има, секој ќе мора да ја плати соодветната тарифа. В.Р.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра