21 Мај, 2024
0.0276

НИ КОРОНА НЕ ГИ ПЛАШИ - пензионерите пак ги полнат автобусите на ЈСП

Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Коронавирусот се чини дека не претставува закана за македонските пензионери и повозрасни граѓани, дури и откако вчера беше потврден првиот случај на овој вирис во земјава. 

И утрово тие ги наполнија автобусите на ЈСП Скопје, веројатно секој во вршење на своите редовни или ургентни активности - кој на лекар, кој на пазар, кој на прошетка по убавиот сончев ден, а кој за било какви други потреби.

Дури, денеска не е ниту нивниот бесплатен ден, со оглед што без да плаќаат во автобусите на јавниот превоз тие можат да се возат во вторник, петок, сабота и недела. 

И од ЈСП велат дека граѓаните не го намалиле користењето на градските автобуси, барем во досегашниот период.

„Не е забележано никакво значајно опаѓање на бројот на корисници на јавниот превоз откако се потврди присуството на првиот случај на корона во земјава“, велат за Фактор од јавното сообраќајно претпријатие. 

Или за споредба, минатата среда имало 198.576 валидации во автобусите на ЈСП, а вчера, исто така среда, бројот на валидации е 197.686, што значи нема воопшто голема разлика, туку значително помала.

Ова претпријатие ќе ги следи податоците како ќе се одвива користењето на градските автобуси во следниот период. 

А барем според досегашните статистики, постарите граѓани се една од најризичните групи за коронавирусот. Или, како што објави Женски Магазин, ако имате над 80 години и сте заразени со вирус, шансата да умрете е 14,8 отсто, што значи дека 85,2 отсто ќе оздравите.

Ако имате 50-60 години, имате 1,3 отсто шанси да починете ако сте заразени со вирусот.

За оние под 40 години, шансата е 0,2 отсто и затоа, 99,8 проценти од младите под 40 години кои се ќе се заразат ќе закрепнат.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат