19 Мај, 2024
0.0315

Незадоволството на граѓаните го надмина растот на економијата!

Објавено во: Економија, Колумни 22 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Сите постапки и однесувања во последниот период се оправдуваат со економскиот раст. Зад секој потег стои оправдувањето дека е изнуден поради остварување на некоја повисока стапка. Или требаат повеќе средства, или треба поефикасно работење, па нема време за демократски процедури. Но, најмалку поради растот треба да имаме оправдување за популизмот во економијата, партизацијата на државата и автократизмот во владеењето. Не треба да се потценува потребата за остварување на што повисоки стапки, меѓутоа, во исто време, не е помалку важно на кој начин (демократски или авторитарно) се остваруваат тие. Впрочем од тоа зависи и иднината на Македонија. А, не е се’ како што изгледа. Во заднината на некои од  растовите се кријат неизвесности кои можат да доведат до нарушување на релативната стабилност во економијата. Меѓутоа, тоа не секогаш  се гледа и чувствува. Ваквата состојба може да се детектира само доколку се изврши подлабока економска анализа со која се утврдуваат трендовите и квалитетот на врските меѓу разните порасти во функција на развојот. Растовите не се и не треба да бидат цел сами за себе. Тие се функционални само доколку резултираат во подобрување на стандардот на живеење на пошироките слоеви, доколку водат кон одржлив развој со кој се намалува јазот во развиеноста на земјата со развиените земји членки на евроатланските интеграции (гледан преку БДП по жител), кон чие друштво се стреми и Македонија и доколку се остваруваат на демократски начин, со почитување на уставот, законите и одлуките што ги донесуваат. Слабостите на овие пунктови значително ги намалуваат резултатите постигнати наспроти овие стандарди. Веќе се  случува тие да се релативизираат. Сведоци сме дека се чувствуваат силни незадоволство во различни слоеви од населението, дури и од оние кои од силните растови остварија некакви бенефити (преку субвенции, стимулации, стипендии, социјални примања).  Се’ поотворено се поставува прашањето зошто споменатите растови не се чувствуваат доволно во подобрувањето на стандардот на живеење и на оние кои ги создаваат вредностите што го зголемуваат БДП, а во исто време има забележителен тренд на зголемување на нееднаквоста во земјата (сиромашните стануваат посиромашни, а богатите се’ побогати). Се’ почесто се изразуваат сомневања во рационалноста на трошењето на буџетските средства. Се бараат информации за  тоа дали потрошените  средства се употребени наменски. Ова особено се интензивира по информациите според кои повеќето државни органи и институции не ја исполнуваат обврската за објавување на годишни извештаи за трошењето на средствата добиени од буџетот. Партизирањето на државата е сериозен проблем. Тоа доведе до доминација на извршната врз законодавната и судската власт. Стана нормално тоа што ќе заклучи владејачката партија тоа да биде и конечно решение, независно од расправата, а често и со свесно избегнување на јавни расправи, за да не се намали авторитетот на партијата. Се разбира, овде не е проблем што државата се става во функција на остварување на партиска програма ( доколку се усвои и како владина). Проблем е што таа станува „библија“ која не може и нессмее да се корегира. Уште поголем проблем е што  се настојува да се остварува  со мерки кои ја доведуваат во прашање стабилноста во развојот на земјата (со несразмерно зголемување на буџетските дефицити и на јавниот долг во однос на растот) и со   мерки со кои се нарушува пазарниот стопански систем, при што се обезбедуваат привилегии на државата визави бизнисот (изземање на државата од работење со задолжницата), вработените (ниска минимална плата, за да се стимулираат странските инвеститори) и пензионерите (прераспределба на износот од законскиот пораст на пензиите подеднакво на сите). Ефектите од растовите ги разводнува и чувството за се’ поприсутна практика на авторитарно владеење, наместо демократското, како што е утврдено во Уставот на РМ. За тоа власта не дискутира. За неа тоа како да не е важно штом остваруваат стапки на раст. Во тоа ја исцрпуваат својата сила. Од досегашното однесување на власта произлегува како авторитарноста да е услов без кој не е можен растот. Некому дури и може  да му се причинува дека е така, но има, и ќе ги има се’ повеќе, оние кои демократските процеси во развојот ги преферираат подеднакво како и економските стапки на раст, особено кога за нивното постигнување се трошат несразмерно високи износи на средства и се’уште не се на доволно ниво да ги подобрат клучните параметри во развојот на една земја или дури и ги влошуваат (пораст на нееднаквоста, која сама по себе може да биде и основа на идна криза, ако ништо не се промени). Споменативе прашања наметнуваат сериозно преиспитување на развојната стратегија, ако ја има? Од она што се  гледа, може да се индуцира  дека, и покрај декларираниот пазарен систем на стопанисување, државата е основниот покренувач на вкупниот развој, а во остварувањето на целта се потпира претежно врз постигнување на повисоки стапки на раст, по секоја цена. А се’ е поочигледно дека има цена која не само што не може, туку и не смее да се плати за да не се загрози демократскиот развој. Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра