20 Мај, 2024
0.0279

Немам време!

Објавено во: Економија, Колумни 25 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Не знам дали ќе се согласите, но денес една од најчестите реченици која ја изговараме или слушаме е “немам време”!  Немањето време знае да биде најбрзиот и најлесниот изговор за нешто да не го правиме, некаде да не отидеме. Овие два збора како да се на врвот на нашиот јазик, спремни да се изустат за дел од секунда. Немањето време  е оправдување за да одбиете одредена работа, да не се видите со некого, па дури и да не отидете на лекар иако можеби подолго време имате некакви симптоми. Живееме во време кога “немаме време за многу работи”. Немам време како да е некаков автоматизиран одговор кој несвесно го даваме за секоја прилика. Едноставен начин да ги одлагаме работите, однесување по линија на помал отпор, мрзеливост .... Во одредени случаи немањето време е изговор нешто да се одложи, да не го направиме денес, туку друг ден..понатаму..или никогаш! Една колешка се пожали колку и е монотон, здодевен животот, дека подолго време е во некаква криза, неспокој, и како да не го живее животот како што сака. Знае да каже, животот ми се измолкнува како песокот низ рацете! А најчесто причината за тоа е немање време! Дома се враќам во 18 часот, нешто да подсуредам, да поработам со децата..ми отиде денот..кога да излезам, или нешто за душа да направам..веќе и се помирив со мојата ситуација..Жално е кога човек нема опции, и кога е принуден на нешто, но тоа не е оправдување да не настојува да ги менува работите! Неодамна сретнав еден познаник со кого со месеци се немав видено, а со кого години наназад најмалку еднаш или двапати неделно игравме баскет.  Желбата за натпреварување, за игра и забава,  ни беше толку силна, мислиш  цел живот ќе го правиш ова, додека нозе те држат. Но тој сега со малку подзголемено стомаче, кога го поканив на баскет  ми вели, извини друже немам време! Сосем разбирливо е со текот на годините да се менуваме, да ни се менуваат и приоритетите за нештата кои не интересираат и тоа е сосем нормално. Во ред е за нешто да имаме време, за друго не. Така и познаников можеби ја изгубил желбата за баскет, а може има и некоја реална пречка за тоа (некој здравствен проблем или слично). Не е зло ако со некого со кого си се дружел извесно време, по одредено време да се заситиш од одредени муабети кои веќе не те интересираат, но лошо е ако постојано немаме време, па дури ни за себе! Животов навистина денес е покомплициран, со многу секојдневни стресови и подсвесни стравови, неодговорени прашања, а башка и се некако брзо се случува. Дури и на семафор на црвено поминуваме, бидејќи нели брзаме и немаме време за губење! Така што и не изненадува дека е се поголем бројот на луѓето кои немаат време некого да го ислушаат, нетрпеливи да си го кажат своето мислење. Но во немањето време,  жално е што се отуѓуваме од самите себе, од работите кои ги сакаме! Уште полошо е ако сме  малодушни, неспособни да доживееме чувства, да се радуваме, неспособни да комуницираме. Сашо Дуљанов

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра