21 Мај, 2024
0.0334

НБРМ: Финансискиот систем е стабилен, ама иднината е неизвесна!

Објавено во: Финансии 28 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Состојбата во финансискиот сектор е стабилна и нема системски ризици за овој сектор, изјави гувернерот на Народната банка, Димитар Богов кој сепак додава дека прогнозите за економијата во еврозоната сега се уште попесимистички во споредба со претходниот месец, состојбата се влошува, а тоа значи дека и правецот во кој што ќе се движи македонската еконoмија во 2013 година е неизвесен. Според Богов, до крајот на годината се очекува умерен раст, а проекциите за раст на централната банка за догодина остануваат исти. „ Нема системски ризици за финансискиот сектор. Движењата иако забавени се уште се позитивни. Очекувањата се дека до крајот на годината ќе продолжи тој тренд. Значи пораст во најголем дел од индустриите во финансискиот сектор, но умерен пораст, додека некаде мислам, пред се, на берзата, како и досега оваа година ќе имаме пад на вкупниот промет“, изјави гувернерот Богов по денешната средба со претставници на институциите кои вршат супервизија врз финансиските компании во земјата. Сепак појасни тој, побарувачката од странство ќе биде многу неизвесна, а ако нарачките продолжат да се намалуваат, оваа проекција ќе мора да се ревидира.  Поради сите овие причини, идната година, ќе биде многу неизвесна, најавува првиот човек на НБРМ „Најновите индикатори што ги добивме за прогнозите за движењето на економиите во еврозоната веќе се нешто полоши од оние што ги користевме при нашата проекција на макроекономските агрегати претходниот месец кога ги објавивме. Се очекува нешто полош резултат на бруто домашниот производ во еврозоната и кај нашите најголеми трговски партнери“, рече Богов. Запрашан дали Народната банка ќе направи нешто дополнително за стопанството полесно да дојде до кредити, Богов рече подолг период се разгледува какви мерки би можела да преземат во вакви услови имајќи ги предвид сите ограничувачки фактори и дека мора да се одржи стабилноста на цените и на курсот на денарот. Веќе за утре најави дека НБРМ ќе разгледува нови начини со кои што ќе се обиде да го заживее кредитирањето од страна на банките. Ова е втора ваква средба во НБРМ меѓу претставниците на финансиските супервизорски органи во Република Македонија, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Народната банка на Република Македонија, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Министерството за финансии оваа година.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома