20 Мај, 2024
0.0297

НАТО му дозволи на Трамп да ја нападне Сирија и веднаш ги засака членките

Објавено во: Свет 13 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Трамп повторно докажа дека не постои кај него долгорочна политика и идеологија, ниту пак цврсти ставови кои може со леснотија да се менуваат преку ноќ откако посочи дека НАТО не е застарена организација иако во текот на изборната кампања за претседател на САД го тврдеше сосема спротивното.

Тој сепак, не остапува од идејата дека земјите членки на НАТО мора да го плаќаат својот дел за поддршката на безбедноста во Европа.

На прес конференцијата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, американскиот претседател им заблагодари на членките на Алијансата за нивната поддршка на неговата одлука да истрела 59 ракети врз сириската военовоздухопловна база, како соодветна мерка за нивниот хемиски напад врз цивили во провинцијата Идлиб.

- Кажав дека е остарена. Веќе не е, рече Трамп за НАТО и додаде дека Алијансата се приспособува за една поширока мисија за борба со радикалните исламисти, на која тој повикуваше.

Трамп изјави дека е ангажиран со своите сојузници во НАТО и дека ќе работи на справувањето со идните предизвици, како што се миграцијата и тероризмот, што американските медиуми веднаш го оценија како менување на ставовите за драстични 180 степени.


Можеби ќе ве интересира

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?