20 Мај, 2024
0.0338

НАШИТЕ ПЕТ МИНУТИ

Објавено во: Економија, Колумни 12 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

„Постојат ситуации во коишто нема следен пат, нема тајм аут, нема втора шанса. Постојат ситуации каде што се работи за сега или никогаш“ – Алан Бенет. Секој човек е ковач на сопствената судбина. Тврдењата дека некој се родил под среќна ѕвезда, а некој е проколнат целиот живот да се мачи, едноставно не држат. Не постои фатализам. Не постојат наречници кои на третата вечер ја претскажуваат нашата судбина. Постојат само луѓе кои ја бараат својата среќа и луѓе кои пасивно чекаат „нешто да им падне од небото“. Секој од нас, порано или подоцна, ги дочекува своите пет минути во животот. Проблемот е дали ќе ги препознае тие пет минути или пак, зафатен со секојдневните грижи и проблеми, ќе дозволи неговите пет минути да отидат во неповрат. Препознавањето на петте минути не е нималку лесна и едноставна задача. Потребно е да се има храброст и доблест, па да се излезе во пресрет на предизвикот кој често знае да биде пат во неизвесност. Многу често се работи за една волја наспроти илјада пречки, многу често е полесно да се избега од искушението и да се чекори по патот кој го поминале илјадници луѓе претходно. Само што, оној што ќе се одважи да ја искористи шансата што му се дава, тој има шанси да успее во животот. Оној што се плаши и од сопствената сенка, никогаш нема да излезе од сивилото на просечноста. Препознавањето на сопствените пет минути е само првиот (можеби и помалиот) дел од проблемот. Следното прашање што се поставува е што да се прави откако ќе се препознаат и искористат петте минути во животот? Како да се постапува во тој случај? Да се следат моралните норми и вредности или да се следи Макијавели дека целта ги оправдува средствата? На овие прашања сите ќе дадат единствен одговор. И оние кои се водат од моралните принципи и оние од чие однесување може да се претпостави дека Макијавели им е далечен предок. Сите ќе се заколнат над моралните норми и вредности. Само што, и зад едните и зад другите остануваат делата како длабоки траги во снегот. Тие траги никој не може ниту да ги избрише, ниту да ги извалка или исчисти. Секој од нас, со своето однесување остава нешто зад себе. Добриот глас далеку се слуша. Лошиот глас, уште подалеку. Најчесто вистината е некаде на средина. Никој од нас не е идеален, во секого од нас има барем по некоја капка божество. Веројатно... Колку долго траат петте минути? Зависи од тоа дали ќе се искористат (и дали правилно ќе се искористат) или не. Пропуштените пет минути се поклопуваат со петте минути на часовникот, правилно искористените пет минути можат да траат цел живот. Оние кои ги пропуштиле своите пет минути, можат единствено да се каат зашто кој знае дали и кога ќе добијат втора шанса. Оние кои ги искористиле своите пет минути и постигнале нешто во животот, мора да имаат на ум дека ништо не е вечно. Токму затоа, тие мора постојано да се потврдуваат и докажуваат во тоа што го прават, инаку и нивните пет минути брзо ќе истечат. Сосема за крај... Обидете се да го добиете тоа што го сакате. Во спротивно, ќе морате да го сакате тоа што ќе го добиете. д-р Гоце Трајковски

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра