20 Мај, 2024
0.0265

НАРОДНА БАНКА БАРА ЧЕТВОРИЦА КАНДИДАТИ: Еве кои се условите и колкава ќе биде платата

Објавено во: Економија 06 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Народната банка бара четворица кандидати за работа во неколку сектори, а огласот е објавен на нивната веб страна. Се бараат заинтересирани за позиција „помлад аналитичар“ за отсек за монтарни инструменти и домашни пазари во Дирекција за операции на финансиските пазари. Втора позиција е „помлад правник“ во отсек правна поддршка во Дирекцијата за правни работи. Се бараат кандидати и за работно место „помлад организатор“ во отсек за изработка и промет на вредносници во Дриекцијата за трезорско работење. Последната позиција која НБРМ сака да ја пополни е за работно место „помлад аналитичар“ во отсекот за оперативни работи во Дирекцијата за платни системи.

Сите кои сакаат да се пријават на огласот, треба да се државјани на Македонија, да се полнолетни, да се во добра здравствена сосстојба и да немаат забрана за вршење дејност. Но, покрај општите услови, има и специфични, дополнително сите кандидати ќе бидат тестирани.

За „помлад аналитичар“ во Дирекцијата за операции на финансиските пазари кандидатите треба да имаат факултет од областа на економските науки, со или без работен стаж, англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка. Кандидатите за ова работното место ќе бидат тестирани за нивните стручни знаења од областа на монетарна политика и банкарство, англиски јазик и работа со компјутер. 

Што се однесува пак за „помлад правник “ се бараат кандидати со завршен факултет од областа на правните науки, со или без работен стаж, со англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка. 

Заинтересираните за „помлад организатор“ во Дирекцијата за трезорско работење исто така треба да имаат факултет од областа на правните науки, со или без работен стаж, да знаат англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.

За последното работно место за кое е отврена позиција „помлад аналитичар“ во Дирекција за платни системи кандидатите треба да имаат факултет од областа на економските науки, со или без работен стаж, да знаат англиски јазик, работа со компјутер, платниот промет и платните системи и познавања од областа на работењето на Народната банка.

- Во согласност со Колективниот договор на ниво на Народната банка, со кандидатите кои имаат работен стаж и за првпат склучуваат договор за вработување со Народната банка, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време со вршење пробна работа во времетраење од 1 месец, а доколку кандидатите немаат работен стаж, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време со вршење на приправнички стаж во времетраење од најмногу 12 месеци – се наведува во огласот објавен на веб страната на Народна банка.

Од огласот се дознава дека висината на основната (нето) плата за сите работните места за кои е објавен огласот ќе изнесува 38.526 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50 проценти од основната плата, односно 19.722 денари, а за време на приправничкиот стаж изнесува 70 отсто од основната (нето) плата, односно 27.238 денари.

П.О. 

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра