Добивај вести на Viber
За 50%, од 2013-та година ќе биде зголемен данокот за потрошената електрична струја во домаќинствата во Германија. Со овој данок, државата финансира речиси една половина од проектите за експанзија на обновливите енергетски извори, бидејќи планира во текот на една деценија постепено да се откаже од атомската енергија.
Четири главни електромрежи во Германија соопштија дека данокот за потрошената електрична струја во домаќинствата, почнувајќи од јануари, по потрошен киловат час, ќе порасне од 3,6 евроценти на 5,3 евроценти.