НАЈМНОГУ СРБИ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЗА РУСКАТА ВАКЦИНА - сепак, разликата со оние што ја бараат Фајзер не е голема
Објавено во: Балкан 14 Јануари, 2021
Меѓу граѓаните кои доброволно се пријавиле за вакцината против короната во Србија, повеќето од нив ја избрал руската вакцина Спутник V, открива ексклузивно Блиц.рс.
Нивни извор вели дека кога станува збор за одлуката на граѓаните на Србија за вакцини, разликата помеѓу руската вакцина и онаа на Фајзер не е голема.
„Ситуацијата е приближно избалансирана, еднаква, Спутник V е само малку повеќе баран“, рекол нивниот соговорник.
Во наредните денови ќе се види дали тој однос ќе се промени, откако граѓаните телефонски започнаа да аплицираат за вакцината.
Патем, денес започна да работи кол центарот, врз основа на кој граѓаните можат да аплицираат за вакцинација.