26 Април, 2024
0.0260

Најмалку пет европски земји ги враќаат рестрикциите

Објавено во: Свет, Корона Вирус 29 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Повеќе европски земји ги враќаат рестрикциите со цел да се спречи ширење на коронавирусот. 

Во Италија, Сицилија објави дека сите странски патници мора да се тестираат при доаѓање и да се јават на лекар. Од среда ќе биде задолжително носење маска во јавност за лица постари од шест години. Мерката ќе важи најмалку до 30 октомври.

Во Холандија мерките вклучуваат задолжително носење маска во Амстердам и другите големи градови, забрана за публика на спортски натпревари во следните три недели, затворање на рестораните и баровите во 22 часот. Премиерот Марк Руте изјави дека ќе се ограничат и патувањата. Тој ги повика работодавачите што е можно повеќе да ја организираат работата од дома.

Словачка  го забрани одржувањето на поголем број културни и спортски натпревари. Луѓето треба што е можно повеќе да носат заштитни маски, да ги избегнуваат семејните собири и да одржуваат физичка дистанца. 

Велика Британија воведе нови ограничувања во делови од североисточна Англија по зголемениот број на случаи со коронавирус. Од среда на жителите на седум подрачја, вклучително и урбаните центри како Њукасл, Сандерленд и Дурам ќе им биде забрането собирање во домовите и дружење со лица кои не се дел од домаќинството. Рестрикции се воведуваат во домовите, пабовите и рестораните, а луѓето кои не ги почитуваат новите мерки се соочуваат со можноста да бидат парично казнети, објави Министерството за здравство.

Во Шпанија околу 1,1 милион жители на Мадрид и околината смеат да ја напушти својата населба само поради нужност, како на пример одењето на работа. Оваа доаѓа откако вчера се проширени мерките за сузбирање на Ковид-19 во дополнителни делови од градот. Од вчера наутро новите мерки важат за дополнителни 167.000 жители.

Жителите од овие населени места смеат да излегуваат само за да одат на работа, во болница, на училиште, на суд или за да се грижат за трето лице. Влезот без сериозна причина исто така е забранет. При  неоправдано излегување или влегување во некое населено место предвидени се казни од 600 евра.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек