19 Мај, 2024
0.0318

Младиот велешанец кој отвори своја мобилара: Промовираме успешни приказни

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Во нашата нова кампања сакаме да промовираме основачи на бизниси кои разбираат што значи да имаат познавање од дигитален маркетинг бидејќи им е потребно за развој на својот бизнис.

Кирил Ивановски е претприемач од Велес кој од неодамна го отвори својот прв бизнис, мобиларата Kegi Mobil 2.  Истовремено е и студент на Академијата за дигитален маркетинг на Creative Hub којa ја следи онлајн, а во продолжение прочитајте зошто се одлучил на овој чекор. ”

Ивановски Вие од неодамна ја отворивте Вашата прва продавница за мобилни телефони и опрема “Kegi Mobil 2”. Истовремено и вложувате во Вас и Вашата едукација бидејќи сте наш студент на Академијата за дигитален маркетинг. Колку сметате дека е значајно за Вас да се доедуцирате?

Ивановски: Како што започнав нов сопствен бизнис, одлучив дека е потребно да се доедуцирам со дигитален маркетинг и со тоа да се доизградам себеси како личност бидејќи во денешницата, без добра стргатегија за дигитален маркетинг не е можно еден бизнис успешно да работи.

Како претприемач со сопствен бизнис ретко младите се одлучуваат да започнат и со едукација. Зошто избравте Академија за дигитален маркетинг?

Ивановски: Затоа што сакам сам да си го изрекламирам мојот сопствен бизнис,  сметам дека самиот би можел најдобро и најкорисно да го направам тоа, без ничија помош.

Колку е значајно да го промовирате Вашиот бизнис на социјалните мрежи?

Ивановски: Моментално, а мислам дека така би било и во иднина, дигиталниот маркетинг е неопходен. Рекламата е прво нешто што луѓето би го виделе ако не го знаат нашиот бизнис, и тоа треба да создаде еден добар впечаток за тие да го користат нашиот производ или услуга.

Колку сте задоволни од Академијата со оглед на фактот дека ја слушате онлајн бидејќи живеете и работите во Велес?

Ивановски: До овој момент, немам никакви замерки и сум задоволен од Академијата, бидејќи досега не сум бил вклучен во ваква настава и би ја препорачал на секого затоа што часовите од Академијата за дигитален маркетинг на Creative Hub ми се достапни во секое време и можам да ги гледам повторно доколку нешто не ми е јасно.


Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра