МИЦОТАКИС ПОВИКА НА ОДГОВОРНО ОДНЕСУВАЊЕ: Доколку сте во Грција, внимавајте
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 24 Јули, 2021
Доколку сте во Грција, почитувајте ги мерките за да не се заразите со коронавирусот.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакос алармираше дека е многу лошо и дека дселта сојот е опасен. Повика граѓаните да бидат внимателни.
„Државата има право да бара од сите граѓани да дадат свој придонес и на тој начин да демонстрираат социјална и национална солидарност“, изјави Мицотакис, повикувајќи се на членот 25, став 4 од грчкиот Устав.
Тој рече дека пандемијата е битка во која „оваа генерација мора да победи“. Мицотакис вели дека е морална обврска на секој граѓанин да се вакцинира и со тоа да покаже индивидуална одговорност. Грција имаше над 2.500 заразени дневно.