Мицкоски: Maфијо разгледај го ова наше барање
Објавено во: Македонија 09 Септември, 2020
Maфијо разгледај го ова наше барање, повика од протестот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Бара да се врати старата цена на струја.
„Ова ќе биде еден од серијата протести против мафијата на Илинденска 2. За нив се има цена. За нас честа моралот и достоинството се најважни. Кога неправдата станува закон отпорот и протестите ќе продолжат и понатаму“, изјави Мицкоски пред Регулаторната комисија за енергетика.
Тој извади и слика од претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимовски, притоа велејќи дека кога зборува тој човек, зборува премиерот Зоран Заев.
Граѓаните извикуваа „Мафија“ и „Оставка“, на протестот беше истакнат транспарент на кој пишува „Скапа струја, сиромашен народ“.