26 Април, 2024
0.0269

Марио се спакувал и заминал за Германија: Не отишол само поради пари, а еве како се снашол

Објавено во: Балкан 12 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Кога добил отказ во фирмата во која работел осум години, 34 годишниот Марио Срага од Осијек се спакувал и заминал во Германија.

Марио веќе од претходно и е познат на јавноста во Хрватска бидејќи го коментирал односот на хрватските работодавци кон работниците и намалувањето на ДДВ од еден отсто, што Владата го сметала како мерка за спречување на иселувањето.

Незадоволен со условите на работа и лош животен стандард во Хрватска, одлучил како и многумина сограѓани, да побара среќа во странство. Имал среќа бидејќи неговиот цимер, пред повеќе од три години, го подготвил теренот. Кога дознал за слободното работно место, го повикал Марио и му помогнал околу сместувањето.

Сега живее во Шварцах, недалеку од Минхен.

-Не можам да кажам дека парите се единствен проблем. Проблемот е се друго кај нас. Од завршувањето на школувањето променив десетина работни места воглавно затоа што работодавецот не плаќа, или станував вишок на работна сила или долги години работев на одредено, како што последните осум години работев во фирма во која се сѐ сведува на самоволието на хрватските менаџери кои наместо да ги заштитат вработените, уште ги дотолчуваат нивните права. Тоа не е така во другите земји каде работат тие мултинационални компании. Овде во Германија, како се договориш со работодавецот, така. Нема ситни реченици кои требало да ги читаш во договорот, па на крај си зафркнат за своите права и пари. Вработените се почитуваат, а одморот и слободните денови се закон. Сосема некоја друга приказна-објаснил Марио.

Селото во кое живее е прекрасно, а работата ништо понапорна од Хрватска, платите дури и повеќе од солидни. За почетници вели дека се околу 2000 евра, но брзо се напредува и тоа финансиски се одразува на платата. Стан изнајмиле за само 500 евра, во која сума се вклучени и трошоци.

Вели дека месечна кирија за таков стан во Минхен била околу 1400 евра, па им се исплати да живеат во Шварцах. Со новите сограѓани е задоволна и локалната заедница, потврдил началникот на општината Џорџ Едбауер.

-Луѓето кои доаѓаат во нашето место и околина се вредни луѓе, кои сакаат да работат, а не создаваат проблеми и нам ни е драго што се овде. Мислиме дека тоа за нашата заедница е позитивно-истакнал Едбауер.

Според негови зборови, во последно време се бележи пораст на дојденци од источна Европа, но сметаат дека нема место за паника бидејќи на германската економија и се потребни такви работници.

Интересно е дека и германското население мигрира поради работа. Можеби во помал број, но на далеку поголема оддалеченост. Големите фабрики ги селат своите одделенија во Кина, Индија, Мексико. Токму половина од жителите од соседното село отишле во Мексико.

Двајцата Хрвати за враќање во татковината не размислуваат. Не гледаат перспектива, а како и повеќето сакаат да живеат во уредна држава каде нивната работа се цени на соодветен начин. А за нив тоа е Германија, пренесува „Глас Славонија“.

Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци