06 Мај, 2024
0.0252

Макрон порача и дење и ноќе граѓаните да се вакцинираат

Објавено во: Свет, Корона Вирус 23 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Во Франција е упатен повик за што помасовна вакцинација. Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска повика на „максимална вакцинација, секојдневно, од утро до вечер, затоа што вакцинацијата е сржта на битката против ковид-19".

Макрон најави и проширување на вакцинацијата на лица на возраст од 70 до 75 години без коморбидитети, пред забрзувањето на кампањата за вакцинација во земјата.

„Прво ќе воспоставиме телефонски број за барање на постарите од 75 години кои сè уште не биле вакцинирани и сите оние кои не успеале да закажат“, рече тој.

На приоритетна листа се сега постари од 75 и постари од 65 со коморбидитети. Макрон рече дека Франција се бори за дозите вакцини што Астразенека ѝ ги должи и ќе продолжи да врши притисок врз компанијата да ги почитува договорите. Француската влада има за цел да вакцинира 10 милиони Французи до средината на април, 20 милиони до средината на мај и 30 милиони до средината на јуни. Во Франција скоро 93.000 луѓе починаа од коронавирусот. 

Можеби ќе ве интересира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук