18 Мај, 2024
0.0608

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

Објавено во: Свет 05 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

98-годишна Украинка пеш, во влечки побегнала од фронтот во Доњецк за да се најде со семејството. 

Лидија Ломиковска се споила со семејството неколку дена, при што пешачела 10 километри во влечки. Лидија и нејзиното семејство одлучиле да го напуштат градот Очеретине, во источниот регион на Доњецк, откако руските војници влегле во него минатата недела и борбите се интензивирале.

„Се разбудив опкружена со пукотници, беше толку страшно“, изјави Ломиковска во видео интервјуто што го објави полицијата во Доњецк.

Таа беше разделена од синот и снаите, од кои и едната беше повредена од шрапнел неколку дена претходно. Помладите членови на семејството тргнале по споредни патишта, но Лидија сакала да се движи по главниот пат.

Со бастун во едната рака и парче дрво во другата, Ломиковска цел ден пешачела без храна и вода за да стигне на безбедно. 

Ломиковска рече дека двапати паднала и дека понекогаш морала да застане за да се одмори, а во еден момент дури и задремала пред да го продолжи патувањето.

„Еднаш изгубив рамнотежа и паднав во тревата. Заспав малку и продолжив да одам. И тогаш, по втор пат, пак паднав, но потоа станав и помислив, морам да одам, малку по малку“, рече Ломиковска.

Павло Дјаченко, портпарол на полицијата, изјави дека украинските војници ја забележале Ломиковска како оди по патот во вечерните часови. Тие ја предале на „Белите ангели“, полициска група која ги евакуира граѓаните кои живеат на линијата на фронтот, кои ја однеле во прифатилиште за евакуирани и контактирале со нејзините роднини.

Ломиковска вели дека ја преживеала Втората светска војна. Извршниот директор на една од најголемите украински банки во вторникот на својот канал Телеграм објави дека банката ќе ѝ купи куќа за Ломиковска. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 

Видеото можете да го видите тука. 

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто