ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците
Објавено во: Свет 05 Мај, 2024
Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан повика на глобално муслиманско единство за поддршка на Палестинците. Фидан додаде дека должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците.
Тој изјави дека отпорот на „израелската окупација“ повеќе не е војна меѓу Израел и Палестина, туку „борба меѓу угнетувачите и угнетените ширум светот“.
Во обраќањето на 15-тиот самит на Организацијата за исламска соработка, што се одржува во Банџул, главниот град на Гамбија, Фидан додаде дека ниту една членка нема право да ги решава своите несогласувања преку „крвта на Палестинците“.
Нема напредок меѓу Хамас и Израел на преговорите со посредство на Каиро.
Единствена цел на Турција во прекинот на трговијата со Израел е да се присили Тел Авив да прогласи прекин на огнот во Појасот Газа.