26 Април, 2024
0.0276

Македонска пошта: Додека се бара купувач, либерализацијата на пазарот одложена

Објавено во: Економија 20 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Во Собранието е доставен предлог за измена на Законот за поштенските услуги со кој се врши одложување на рокот за либерализација на поштенските услуги до 2022. Тоа значи дека АД Македонски пошти останува заштитен монопол кога станува збор за лесните пратки, додека приватните поштенски оператори, кои на пазарот може да работат поефикасно, мора да наплатуваат два и пол пати повисока цена.

„АД Пошти на Република Северна Македонија се одликува со постоење на “гломазен“ систем кој го оневозможува и успорува долгиот и скап процес на реорганизација, и тоа во насока на унапредување на работењето, соодветно справување со конкуренцијата и нејзино полесно адаптирање кон работењето согласно сите правила за претприемништво и работа во услови на слободна пазарна економија“, се вели во предлогот кој пристигна во Собранието.

Ценовниот монопол за услугите за писма до 50 грама (какви што се најчесто сметките од јавните претпријатија) е воспоставен со закон во корист на АД Пошта на Северна Македонија, која за истата услуга има регулирана цена од 25 денари по писмо, одобрена од регулаторот. Оваа единечна цена за обично писмо на националниот давател на универзална услуга е најниска на домашниот поштенски пазар. 

Другите лиценцирани даватели на поштенски услуги за истата поштенска услуга не смеат да наплаќаат единечна цена пониска од 62,5.денари,според моменталните цени кои се во примена од 1 март 2020. Целосна либерализација на поштенскиот пазар, процес што беше планиран за почетокот на следната година, е одложуван шест пати досега. 

Инаку како што веќе објави Владата во наредниот период во игра е целосна продажба односно приватизација или преземање на компанијата со јавно приватно партнерство. 

За сиот процес биле задолжени вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Национални пошти Ејуп Ристеми. 

„Да иницираат подготовка на физибилити студија за можностите за отпочнување на постапка за преземање на компанијата со јавно приватно партнерство или со приватизација за да продолжи процесот на либерализација на поштенските услуги во земјата согласно регулативата на ЕУ, соопштија од Владата.

Инаку Пошта е во незавидна ситуација особено сега и поради затворањето на Еуростандард банка. Друштвото тоне и генерира загуби. Ејуп Рустеми, првиот човек на компанијата за Фактор тврдеше дека вработените земаат редовни плати. Сепак, вели оти со здравствената криза се случил огромен пад на приходите на поштенските услуги, и во домашниот, а особено во меѓународниот поштенски сообраќај. 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека