16 Април, 2024
0.0274

Со години собираше партиски кадри, сега тоне во загуби: Владата ќе ја приватизира пошта

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Владата ќе подготвува терен за продажба на Пошта. Откако стана јасно дека и нема спас и дека некогашната златна кокошка тоне во загуби, сега ќе се прави физибилити студија за да се види кои се можностите за друштвото. Во игра е целосна продажба односно приватизација или преземање на компанијата со јавно приватно партнерство. Владата синоќа на седницата го утврдила новиот текст на Законот за изменување на Законот за поштенските услуги. 

За сиот процес биле задолжени вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Национални пошти Ејуп Ристеми. 

„Да иницираат подготовка на физибилити студија за можностите за отпочнување на постапка за преземање на компанијата со јавно приватно партнерство или со приватизација за да продолжи процесот на либерализација на поштенските услуги во земјата согласно регулативата на ЕУ, соопштија од Владата.

Инаку Пошта е во незавидна ситуација особено сега и поради затворањето на Еуростандард банка. Друштвото тоне и генерира загуби. Ејуп Рустеми, првиот човек на компанијата за Фактор тврдеше дека вработените земаат редовни плати. Сепак, вели оти со здравствената криза се случил огромен пад на приходите на поштенските услуги, и во домашниот, а особено во меѓународниот поштенски сообраќај. Во првата половина од годината друштвото има загуба од 52,5 милиони денари или над 850 илјади евра. 

Рустеми вели дека дополнително ги погодило затворањето на Еуростандард банка и дека ликвидноста на друштвото е намалена. Впрочем од 12 август наваму на шалтерите на пошта не може да се обезбедат финансиските услуги и услугите на платниот промет за многу граѓани и правни лица. Остварените приходи во првите шест месеци од 2020 година од овие услуги што Пошта се уште не може да ги обезбеди, се 110 милиони денари и претставуваат 19,4 проценти вкупните  приходи на поштата. 

Според податоците, повеќе од 870 вработени во Пошта целосно или делумно извршувале работни обврски поврзани со обезбедувањето на овие услуги. Во меѓувреме трае и процесот на преговори во кои пошта избира друга банка која ќе го врши платниот промет кој треба да заврши за околу две недели. Осум банки доставиле понуди, а некои се откажале од намерите да го преземат платниот промет.

По се уште неофицијалната поделба на директорските места меѓу двете владини коалициони партии СДСМ и ДУИ, по долги години, Пошта сега најверојатно ќе биде раководена од кадар од македонскиот политички блок. Сепак досега друштвото важеше за прибежиште на кадри од ДУИ.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?