27 Април, 2024
0.0279

КУБАНЦИТЕ ЈА НАМАЛИЈА СМРТНОСТА: Два нивни лека се борат против вирусот

Објавено во: Свет, Корона Вирус 24 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Два кубански лека ја намалиле смртноста од Kовид - 19. 

Властите објавија дека користењето на два лека развиени од кубанските компании за биотехнологија, помогнале за значително намалување на смртноста.

Здравствените власти соопштија дека само два смртни случаи поврзани со ковид-19 се регистрирани во изминатите девет дена, пренесе Ројтерс.

Владата во Куба која, според Ројтерс, очекува дека ќе го зголеми извозот на кубански лекови, рекламира разни кубански лекови кои помагаат да се спречат воспалителни инфективни процеси поврзани со корона. 

Кубанските здравствени власти, пак, велат дека експерименталната употреба ја намалила смртноста на 4,2 проценти, наспроти 5,9 проценти во регионот и 6,6 проценти на глобално ниво.

Едниот лек е „итолизумаб“ – моноклонално антитело што се произведува во Куба и во неколку други земји, додека другиот лек е еден вид пептид развиен и првично тестиран од кубанската индустрија за биотехнологија при третман на втората фаза на ревматоиден артритис, пренесува Ројтерс.

Куба, со околу 11 милиони жители, има 1.916 случаи и 81 починати од почетокот на пандемијата.

Вирусот се прошири и во Латинска Америка, но не ја одмина ниту Африка. 

Во Бразил вирусот „коси“. 

Во оваа земја има повеќе од 20.000 починати од коронавирусот. 

Истражувања направени во последниве месеци, покажале слаба поврзаност помеѓу климата и коронавирусот. 

Верувањето дека колку е повлажно и потопло толку е помала веројатноста за ширење, се покажало како неточно.

Станува збор за прелиминарни податоци, односно, поврзаноста помеѓу климата и Ковид-19 сѐ уште е непозната.

Истражувањата од Универзитетот Принстон, објавени во магазинот Science, ја исклучуваат таа врска, но заклучуваат дека влијанието на климата врз ширењето на вирусот е скромно.

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни