РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИ: Над 20.000 починати во Бразил
Објавено во: Свет 22 Мај, 2020
Најмалку 20.000 луѓе починале од новиот коронавирус во Бразил.
За едно деноноќие имаат 1.200 смртни случаи.
Досега има повеќе од 310.000 заразени во земјата, а повеќе од 125.000 оздравеле. Но, пандемијата на Ковид - 19 не го достигнала својот врв во Бразил.
Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, ја игнорира опасноста од пандемијата.
Болсонаро продолжува да бара од гувернерот да ја отвори економијата. Пандемијата ја нарече мал грип и учествуваше на неколку протести на граѓаните во Бразил, со барање за отворање на државата.
Бразил деновиве стана ново жариште на вирусот Ковид -19.