26 Април, 2024
0.0279

Критики за Трамп: ВО САД ПОЧИНА ПОВЕЌЕ ОД 800 ЛУЃЕ ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ

Објавено во: Свет, Корона Вирус 01 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Рекореден број полинати лица во САД за едно деноноќие. Со 800-тини нови починати, бројот се зголеми на 3.700 Американци. Вашингтон пост пишива дека од Ковид-19 во земјата сега се заразени 185.000 лица.

Водечките епидемиолози во Белата куќа, Дебора Биркс и Антони Фаучи, синоќа изјавија дека се предвидуваат од 100.000  до максимални 240.000 смртни случаи од Ковид-19, надевајќи се дека катастрофата може да се избегне ако се почитуваат препораките за ширење на новиот коронавирус.

Најжестоката демократка од Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, упати остри критики до претседатело Доналд Трамп, наведувајќи дека пациентите умираат поради задоцнетата реакција на неговата администрација.

-Негирањата на претседателот на почетокот беа смртоносни. Задоцнетото снабдување на опремата таму каде беше најпотребна е смртоносно. Додека претседателот безделничи, луѓето умираат, изјави Пелоси.

Истовремено Пелоси најави дека против Трамп ќе биде отворена и истрага откако кризната ситуација со пандемијата во САД ќе стивне. Од, друга страна, пак Трамп за неа рече дека таа има сериозни проблеми, нарекувајќи ја „болно кученце. Таа има многу проблеми“.

Американскиот претседател ја обвини Пелоси  дека ги игнорирала неговите првични одлуки да ги забрани летовите од Кина и дека ако тој не го сторел тоа САД ќе се соочеле со уште поголема стапка на смртност. 


Можеби ќе ве интересира

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре