22 Мај, 2024
0.0262

Кристалина Георгиева: Растена во село во комунизмот, без образовно педигре, до лидер на ММФ

Објавено во: Економија 03 Август, 2019

Добивај вести на Viber


Бугарската економистка Кристалина Георгиева е кандидат на ЕУ ​​за раководство на Меѓународниот Монетарен Фонд, на местото на Кристин Легард, по долгогодишно служење во Агенцијата за фондови. Западниот блок доминира кога се одлучува за тоа кој да биде прв човек на оваа финансиска институција и се верува дека веќе е постигна консензус токму оваа не толку позната политичарка од Источна Европа да ја превземе важната функција.

Георгиева (65) е централно-десничарска политичарка која порасна во Бугарија под комунизмот. Таа се искачуваше стабилно во редовите на хиерархијата на Светската банка сè додека не стана извршен директор во 2017 година, по седум години во Брисел, како комесар за меѓународна соработка за буџетот на заедницата.

Во својот твитер профил, со црно-бела фотографија од семејството, таа дури и коментираше: „Бабите и дедовците имаа многу малку образование. Моите родители завршија средно училиште. Јас бев првиот во поширокото семејство што се стекнав со титула доктор на науки. Од бугарско село до извршен директор на Светската банка “, напиша Георгиева во една прилика на социјалните мрежи пред повеќе од една година.

Името на Георгиева е „познато“ за многу други европски работни места во последните години: Таа беше кандидат за Обединетите нации во 2016 година, додека минатиот месец нејзиниот случај беше разгледан и од Европската комисија и од Европскиот совет.

Нејзината кандидатура за врвот на ММФ беше сметана од многумина како обид да се смират државите од Источна Европа, бидејќи ниту еден претставник на поранешниот Источен блок не беше назначен за една од првите позиции на ЕУ од изборите во мај годинава.

На Георгиева се гледа како човек „со интегритет и директност во нејзиниот пристап“, коментира Ројтерс, додавајќи дека во Светската банка, бугарската економистка успеала да изгради репутација во одбраната на човековите права, како и борбата против климатските промени.

Повеќето европски земји ја поддржаа Георгиева иако нејзината кандидатура ќе мора да помине низ промена на правилата на Меѓународниот монетарен фонд, за што се бара новиот извршен директор да има 65 години на денот кога ќе ја преземе функцијата.

Како и да е, како што изјави еден официјален претставник на Ројтерс, поддршката на европските држави и на САД ќе биде доволна за да се надмине пречката за една организација која традиционално ја води западниот блок.

Истиот извор рече дека Франција, која е водечка на европско ниво во процесот на избор на кандидати, веќе ја обезбеди согласноста на Вашингтон.


Можеби ќе ве интересира

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте